Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Отворен центар за едукација за дигитална индустрија
Отворен центар за едукација за дигитална индустрија Испечати Е-пошта
21.06.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Тренинг-центарот ќе биде место за едукација за softimage - софтвер за 3Д-моделирање и компјутерска анимација за филмската и ТВ-индустрија, постпродукцијата и за индустријата за интерактивни забавни програми

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски вчера на Машинскиот факултет во Скопје го отвори првиот регионален авторизиран тренинг-центар на AVID/Softimage. Тренинг-центарот ќе биде место за едукација за softimage - софтвер за 3Д-моделирање и компјутерска анимација за филмската и ТВ-индустрија, постпродукцијата и за индустријата за интерактивни забавни програми. Центарот треба да понуди професионална едукација со ексклузивен пристап до технологија на високо ниво. Доказ за успешноста на овој софтвер е неговата примена во повеќе филмски мегахитови преполни со компјутерски ефекти, како што се „Матрикс“, „Господар на прстените“, „Војна на ѕвездите“. Црвенковски на отворањето на тренинг-центарот рече:

- Сигурен сум дека наскоро потписот на некој цртан филм, реклама или делови од познатите холивудски филмови ќе биде потпис токму на некој од учесниците во овој тренинг-центар, на оние што во иднина ќе бидат носители на развојот на дигиталната забавна индустрија во земјава. Тој најави дека во соработка со УСАИД ќе додели пет стипендии на идните најталентирани учесници во овој Центар.

Даниел Атанасовски, менаџер во Аксис-продукција, која е партнер во основањето на центарот, вели дека ова е прв ваков тренинг-центар на Балканот.

- Центарот ќе прими 90 студенти на првата обука. Таа ќе трае од три до шест месеци, по што студентите ќе добијат сертификати. Првенците од обуката ќе бидат вработени во Аксис-продукција и ќе бидат ангажирани на изработка на проекти од странски филмски компании - рече Атанасовски.


(3581 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]