|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Сателитски снимки на македонски градови
|
|
|
|
Сателитски снимки на македонски градови |
|
|
|
26.06.2005. |
|
Популарната услуга на пребарувачот „Гугл“, „Гугл карти“ започна да се шири и на територијата на европскиот континент.
Популарната услуга на пребарувачот „Гугл“ (Google), „Гугл карти“ (Google Maps) започна да се шири и на територијата на европскиот континент. Жителите на Велика Британија се првите европејци кои имаат на располагање карти и сателитски снимки од својата земја. Остатокот на Европа, вклучувајќи ја и Македонија, чека на ред.
За сега, „Гугл“ во соработка со компанијата „Диџитал Глоуб“ (Digital Globe), нуди само сателитски снимки на македонските градови. Ако во полето за пребарување на „Гугл карти“ внесете „град Македонија“ (на пример Skopje Macedonia) нема да добиете ништо. Но, ако кликнете на „Сателит“ (Satellite) ќе се прикаже сателитска снимка на бараниот град (во случајов на Скопје). Немојте да очекувате нешто посебно, снимките се сè уште далеку од детални прикази, но се надеваме дека во најскоро време ќе добиеме и детални карти на градовите во нашата држава. (3992 hits/посети) |
|