Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow „Пексим" ја доби годинашната награда за серверска консолидација
„Пексим" ја доби годинашната награда за серверска консолидација Испечати Е-пошта
3.07.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
За воведување сложени решенија во областа на банкарството

Информатичката компанија  „Пексим“ е добитник на годинашната Server Consolidation награда за 2005 година, во рамките на Програмата за награди за партнери на Мајкрософт (Microsoft Partner Awards Program). Свеченото доделување на наградите ќе се изврши на Светската конференција на Мајкрософт за 2005 во Минеаполис, САД, од 8 до 10 јули  годинава. Со ова признание „Пексим“ се најде меѓу добитниците на награди, како што се Хјулит Пакард (Hewlet Packard), Дел (Dell), Кап Гемини (Capgemini), Лоџика ЦМГ (LogicaCMG) и други.
 
Наградата е доделена врз основа на проектот за серверска консолидација, која „Пексим“ ја изработи во соработка со ИТ-тимот на Делта банка од  Белград. Проектот следуваше како природна последица на воведувањето во работа на сложените решенија на „Пексим“ во областа на банкарството.

Консолидацијата на серверскиот центар во Делта банка е направена со примена на најсовремени решенија на водечките производители. Овој проект и овозможи на банката да ги зголеми перформансите на системот и до десет пати, значително да ја зајакне сигурноста и поддржаниот капацитет на податоците, како и да ги обедини клучните податоци.

Инаку, „Пексим“ е основан во 1989 година и е регионален лидер во софтвер, сервисни и нови решенија во банкарската индустрија во Југоисточна Европа.   


(3842 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]