Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести To ICANN or not? (Интернет раководство)
Извештајот на Работната група за владеење со интернетот (The Working
Group of Internet Governance) доаѓа како одговор на одлуката на САД да
не се откажат од правото на сопственост на root DNS зоната.
Извештајот на Работната група за владеење со интернетот (The Working
Group of Internet Governance) доаѓа како одговор на одлуката на САД да
не се откажат од правото на сопственост на root DNS зоната (т.е.
сервисот без кој не може да функционира интернет мрежата). Извештајот
нуди четири решенија (накратко се работи за тоа што ќе се прави со
Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви - ICANN): Првото е:
ICANN останува, но улогата на американската влада во еден од управните
одбори се заменува со независно учество на приватниот сектор и
граѓанските организации. САД се против идејата ICANN да биде управуван
од меѓународни тела и да ја изгуби улогата која ја има сега.
Втората опција е укинување на набљудувачка организација но и формирање на меѓународен форум за дискусија на интернет прашањата.
Третата
опција (која важи за реално можна доколку земјите се спремни да
постигнат компромис) е создавање на Меѓународен совет за интернет кој
ќе ги преземе прашањата поврзани со интернет кои произлегуваат од
национално ниво. Во овој случај мандатот на ICANN ќе мора да биде
променет. Овој предлог од една страна не се меша во ICANN (што е од
интерес на САД) а од друга страна политички ги зајакнува националните
тела кои се задолжени за раководење на имињата и броевите (ccTLD-а, пр.
МАРНЕТ за Македонија).
И четвртата опција (која е
најрадикално-поргресивна но и најмалку можна со оглед на интересите на
САД) е создавање на Светска интернет корпорација за доделени имиња и
броеви како и Глобален совет за интернет политика. Ова значи фактичко
укинување на ICANN.