|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Јапонската ајТјунес продала милион песни за 4 дена
|
|
|
|
Јапонската ајТјунес продала милион песни за 4 дена |
|
|
|
9.08.2005. |
|
Mузичките фанови во Јапонија купиле и симнале преку еден милион песни од музичката продавница на ајТјунс (iTunes) веднаш по нејзиното отворање, односно за само четири дена
Компанијата Епл објави дека музичките фанови во Јапонија купиле и симнале преку еден милион песни од музичката продавница на ајТјунс (iTunes) веднаш по нејзиното отворање, односно за само четири дена. Повеќе од 90% од песните чинат околу 1.1. евро за песна, а јапонските изведувачи се на првото место во конкуренција и на песни (Def Tech) и на албуми (Ulfuls). Музичката продавница на ајТјунес во Јапонија ги нуди истите карактеристики, поволни цени, поврзување со ајПод (iPod) и можност за права за лична употреба, што го направија ајТјунс најголема музичка продавница во светот со повеќе од 500 милиони купени и симнати песни. (4250 hits/посети) |
|