|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Бизнис-секторот со слаб интерес за слободниот софтвер
|
|
|
|
Бизнис-секторот со слаб интерес за слободниот софтвер |
|
|
|
10.08.2005. |
|
Компаниите немаат некоја голема желба да мигрираат на софтвер со отворен код и слободен софтвер
Истражувачката куќа Гартнер (Gartner)
вели дека и покрај големиот интерес за слободниот софтвер и софтверот
со отворен код има малку купувачи за оперативниот систем Линукс и
канцелариски софтвер со отворен код. Истражувањата спроведени
меѓу учесниците на симпозиумот организиран од Гартнер објавени во
последното тримесечје од минатата година покажуваат дека само нешто
повеќе од 1% од бизнис-секторот го употребува оперативниот систем
Линукс. Во Гартнер предвидуваат дека до 2008 година само 3.2% од
бизнис-корисниците ќе употребуваат Линукс бидејќи трошоците за
миграција од оперативниот систем Виндоус на Линукс едноставно се
превисоки за фирмите.
Во едно друго истражување спроведено од истражувачката куќа Еванс Дејта
(Evans Data) се вели дека бројот на програмерите во регионот на Европа,
Средниот Исток и Африка (ЕМЕА) кои ги користат програмските јазици PHP
(ПиЕјџПи), Perl (Прл) и Python (Пајтон) во мината година забележал
двоцифрен пад. Во минатата година бројот на програмерите од ЕМЕА кои го
користат ПиЕјџПи се намалил за 25%, а бројот на програмери кои сметаат
дека овој програмски јазик нема да се користи за идни проекти се
зголемил за скоро 40%. Употребата на Прл е намалена за 20%, а на Пајтон
за 25%.
Според Џон Едрјус, генералниот директор на Еванс Дејта, овие три
програмски јазици го достигнаа својот врв пред две години кога беа
употребувани од многу програмери, а потоа нивната употреба почна да се
намалува. Намалувањето на употребата повеќе и нагласена во регионите
ЕМЕА и Азија-Пацифик, а помалку во Северна Америка. Тој смета дека
намалениот интерес на програмерите за овие јазици се должи пред сè на
неуспехот тие да се пробијат во бизнис-секторот. (4290 hits/посети) |
|