|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Милијарда WAP пребарувачи од Оупенвејв
|
|
|
|
Милијарда WAP пребарувачи од Оупенвејв |
|
|
|
11.08.2005. |
|
Оупенвејв Системс (Openwave Systems) прослави нов јубилеј - нивниот
мобилен пребарувач е вграден во повеќе од една милијарда мобилни
телефони низ светот
Оупенвејв Системс (Openwave Systems) прослави нов јубилеј - нивниот
мобилен пребарувач е вграден во повеќе од една милијарда мобилни
телефони низ светот. Нивната технологија им овозможува на
производителите на телефони да ги исполнат барањата на операторите за
адаптирани и едноставни податочни услуги. Операторите ја сакаат
можноста за додавање на нови услуги адаптирани според потребите на
корисниците на телефоните кои ќе можат брзо да се распоредат и ќе бидат
исплатливи.
Оупенвејв заедно со Моторола (Motorola), Нокија (Nokia) и
Ериксон (Ericsson) беше еден од основачите на WAP форумот кои во април
1998 година го претстави WAP (Wireless Application Protocol) протоколот
(безжичен протокол за информации) за мобилни пребарувачи. (9883 hits/посети) |
|