Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Во Демир Хисар немаат компјутер, во Штип чекаат софтвер
Во Демир Хисар немаат компјутер, во Штип чекаат софтвер Испечати Е-пошта
15.08.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Ниту едно даночно решение не издале општините во јули, поради неподготвеноста на Управата за јавни приходи (УЈП) да им ја предаде оваа надлежност на локалните власти, а од што најмногу штета имаат граѓаните, велат вработените во финансиските служби во општините.

- Сметавме дека УЈП ќе ни излезе во пресрет кога ги презедовме нивните вработени, но тоа не се случи. Ни ги испратија службениците без никаква опрема. Тие се принудени на рака да ги пополнуваат податоците во решенијата за некако да функционираме - велат во општина Демир Хисар.

Од почетокот на месецот оваа финансиска служба издала само четири даночни решенија.

Локалните власти издаваат решенија за данок за промет на недвижности и данок на наследство, но не и за данок на имот.

Општинарите велат дека им треба посебен софтвер што го поседува УЈП.

- УЈП уште не ни го предаде софтверот, велат дека работат на тоа. Решенија почнавме да издаваме во почетокот на август - велат во финансиската служба на Штип.

Даночната служба во општината Гостивар воопшто не функционира.

- Ја немаме потребната апликација што треба да ни ја даде Управата за јавни приходи. Прашајте ги нив зошто доцнат - изјави Невзат Бејта, градоначалник на Гостивар.

И општината Тетово го прескокнала јули за да ги собере локалните даноци. Таму почнале да им издаваат решенија на граѓаните од минатата недела.

- Чекавме да ја добиеме програмата на двата јазика, македонскиот и албанскиот. Сега сè е во ред. Општината Тетово дури склучи договор со околните помали општини нашата служба да издава решенија и за нивните граѓани - велат во локалната самоуправа на Тетово.

Од УЈП велат дека услов за градоначалниците да ја добијат потребната база за непречено да издаваат даночни решенија е да ги преземат сите вработени што им ги отстапува управата. Неколку градоначалници, вклучително и градоначалникот на Скопје, одбиваат да ги преземат даночните службеници со образложение дека им се само товар.

Време


(5183 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]