Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Телекомот најми истерувач на долгови
Телекомот најми истерувач на долгови Испечати Е-пошта
16.08.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Македонски телекомуникации најмила приватна фирма за наплата на долгови за да ги натера претплатниците да ги платат заостанатите телефонски сметки. Фирмата "Кредит експрес" добила овластување од Телекомот со посети на домовите или со јавувања на домашните телефони на должниците да ги наплати сметките.

 

"Кредит експрес" веќе почнала на должниците да им испраќа предупредувачки писма на домашна адреса. Во писмата се вели дека Македонски телекомуникации ја овластиле фирмата "Кредит експрес" за наплата на нивниот долг кон телефонската компанија. На должниците им се испраќа уплатница која треба да ја платат во одреден рок. Фирмата за наплата на долгови им укажува дека тие се овластени од Телекомот да ги преземат сите нужни чекори во интерес за наплата на побарувањето. "Кредит експрес" како методи за наплата на долгот посочува дека ќе користи договарање со корисниците за плаќањето, лични посети за наплата на побарувањето, телефонски повици и усогласување на спорните елементи. Должниците се предупредуваат дека по истекот на рокот за наплата, Телекомот побарувањата ќе ги наплати по судски пат, а трошоците на постапката ќе бидат на товар на должникот.

Во Телекомот велат дека се одлучиле на ваков чекор за да ја зголемат ефикасноста во наплатата на побарувањата. Вкупниот долг кон Телекомот од неплатени сметки изнесува 1,5 милијарда денари, односно близу 25 милиони евра.

- Фирмата "Кредит експрес" беше избрана на меѓународен тендер. Компанијата е овластена за собирање на побарувањата во име и сметка на МТ во согласност со законите на Македонија. Договорот за овластување беше потпишан на 12 јули врз основа на меѓународното искуство и воспоставената практика кај сите поголеми провајдери на телекомуникациски услуги - вели Валентина Неткова, портпарол во Телекомот.

Овој потег се толкува како обид да се наплатат огромниот број напластени заостанати сметки зашто корисниците поради скапите телефонски услуги избираат да им ги исклучат телефоните отколку да ги платат сметките.

Во телеком продолжуваат превирањата со испраќањето на вработените на принуден одмор и реорганизација на службата за обезбедување. Околу педесетина вработени со брза пошта биле информирани дека по завршувањето на годишниот одмор нема потреба да доаѓаат на работа. Раководството им испратило решенија во кои се наведува дека не мора да доаѓаат на работа поради деловни причини, односно намалување на работниот процес или поради упатување на принуден одмор. Според решенијата, вработените по истекот на законскиот одмор ќе седат дома најмалку уште еден месец. Оние лица што ќе останат дома поради деловни причини ќе добијат 70 отсто од платата. Телекомци кои добиле решенија дека се на принуден одмор ќе земат 80 отсто од платата.

Вработените во чуварската служба неколку месеци се под стрес поради опасност да го изгубат работното место. Раководството на компанијата писмено ги информирале чуварите дека рационализацијата на несуштинските дејности, односно на секторот за безбедност, ќе продолжи и покрај нивното одбивање да се префрлат во приватна фирма за обезбедување.

Дневник


(4139 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]