|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Стратегијата за развој на информатичко општество во септември во Собранието
|
|
|
|
Стратегијата за развој на информатичко општество во септември во Собранието |
|
|
|
30.08.2005. |
|
Стратегијата за развој на информатичко општество со акциски план во септември конечно ќе се најде на дневен ред пред парламентарците.
Според Комисијата за информатичка технологија, која ја подготви стратегијата станува збор за исклучително важен документ, кој инаку и според оцената на претседателот Бранко Црвенковски, како нејзин покровител, претставува и стратегија за севкупен развој на Македонија. Меѓу првите задачи предвидени со стратегијата е донесувањето Законот за информатичко општество, а меѓу првите проекти - воведување идентификациска карта за сите граѓани, создавање електронска здравствена картичка, дигитализација и презентација на историското, културното и археолошкото наследство на Македонија... Подготвувачите на стратегијата сметаат дека земјите што не успеваат да ги применат современите информатичко-комуникациски технологии во развојот, неминовно остануваат во зоната на стагнација, не успевајќи да фатат чекор со развиениот свет. Претседателот Бранко Црвенковски на средбата со претставниците на владината комисија за информатичка технологија и со работната група што работеше на стратегијата и на акцискиот план, рече дека градењето информатичко општество е основа за севкупен развој на државата. Време (4049 hits/посети) |
|