Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Монополот на „Телеком" го кочи брзиот интернет
Монополот на „Телеком" го кочи брзиот интернет Испечати Е-пошта
31.08.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Македонија и натаму ќе се наоѓа на дното на листата за користење интернет со 4,9 отсто пристап до информатичката технологија сè додека Владата го штити „Телеком“, коментираат интернет-провајдерите. Иако пазарот е либерализиран,  „Телеком“ и натаму го има приматот на најголем интернет-провајдер. Тој покрива 90 отсто од пазарот, додека другите интернет-провајдери покриваат само десет отсто. Тоа, според интернет-провајдерите, ќе биде така сè до оној момент кога државата вистински ќе се заинтересира за развој на информатичкото општество.

- Владата сака себеси да се промовира дека е исклучително заинтересирана за развој на информатичката технологија. Но, во суштина, таа како акционер и го штити грбот на телекомуникациската компанија и не води грижа на кое место се наоѓаме на листата за користење интернет, кои се причините за лошите бројки и што да се направи, заслепена од парите што ги добива на име дивиденда, истакнуваат интернет-провајдерите.

Тие додаваат дека народот не е виновен за лошата слика  што ја има Македонија во однос на информатичката технологија бидејќи, доколку цената за сурфање биде достапна, тогаш секој граѓанин ќе си го дозволи тоа задоволство. Интернет-провајдерите го обвинуваат  „Телеком“ дека, за разлика од нив, нуди интернет по цена која нема економска логика. Од друга страна,   „Телеком“ е и единствениот што нуди брз интернет или АДСЛ. Другите провајдери не можат да продаваат АДСЛ затоа што со МТ не можат да се договорат околу големопродажната цена која, според нив, е премногу висока и нереална. Од  „Телеком“, пак, истакнуваат дека основната причина зошто не можат да се договорат со другите провајдери околу АДСЛ-услугата е малата профитна маргина, која за провајдерите е неприфатлива.

- Ние не бегаме од соработката со интернет-провајдерите. Сакаме да се зголеми пенетрацијата на АДСЛ, но сè се сведува на нивната бизнис-одлука, вели Дејан Силјановски, извршен директор за регулатива во  „Телеком“.

Во обид да се зголеми бројот на интернет-корисниците, провајдерите почнаа да соработуваат со кабелските оператори и заеднички да нудат кабелски интернет. Во последниве неколку месеци, интересирањето за кабелскиот интернет расте и, покрај во Скопје, тој е достапен во Велес, Кичево, Кавадарци и Охрид. Но, очекувањата на провајдерите ни приближно не се остварени.

- Кабелските оператори немаат широко развиена мрежа, односно мрежа која е достапна секаде. Од друга страна, и цената на опремата што треба да се вгради за кабелски интернет, а која корисникот ја плаќа 3 000 денари, е превисока за многумина. Токму затоа, во Скопје, засега има околу 700 корисници на кабелски интернет, велат интернет-провајдерите.

Утрински Весник 


(4376 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]