Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow „Нексттел“ се подготвува за фиксен оператор
„Нексттел“ се подготвува за фиксен оператор Испечати Е-пошта
14.09.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Компанијата „Нексттел“ најавува дека ќе биде меѓу првите што на граѓаните ќе им понуди услуги во фиксната телефонија како конкуренција на „Македонски телекомуникации“. Во „Нексттел“ засега нудат само телефонски повици кон странство по цени многу попристапни од тие на телекомот. Едноминутен телефонски разговор преку нивната мрежа кон САД, Канада, Австралија, ЕУ, Кина или Русија чини 6 денари. „Македонски телекомуникации“ наплатува по 19 денари за едноминутен повик кон САД, Канада и Австралија.


- Поднесено е барање за нотификација за работа како јавен фиксен телекомуникациски оператор до Агенцијата за телекомуникација. Веднаш штом завршат правните и техничките подготовки, ќе стартуваме како конкуренција на Телекомот во фиксната телефонија. За цените што ќе им ги понудиме на корисниците се уште е рано да се зборува. Подготвуваме повеќе пакети со услуги - вели Марјан Гријаковиќ-Ѓуровски, директор на „Нексттел“.

Корисникот на „Нексттел“ за меѓународните повици не мора да има дополнителен уред или пристап до Интернет, за разлика од другите оператори, кои овозможуваат телефонирање во странство преку интернет-врска. Неопходна е само обична телефонска линија или мобилен телефон. Корисникот купува припејд-картичка со одреден број минути разговор. Цената на картичките е 250 денари за половина час разговор, 750 денари за 107 минути разговор и 1.500 денари за 250 минути разговор. За повик во странство најпрво се врти локален број на сервисот, по што се внесува пин-кодот од картичката, а потоа бараниот меѓународен број.

Драстичното намалување на цените на меѓународните разговори е прва придобивка од либерализацијата во фиксната телефонија. На пазарот секојдневно се појавуваат фирми што нудат поевтини разговори со странство отколку да се јавува преку телефонската мрежа на „Македонски телекомуникации“. Цената на една минута прекуокеански повик кај овие оператори е речиси еднаква на цената за меѓуградски разговор што ја наплаќа Телекомот. По либерализација на фиксната телефонија, интернет-провајдерот „Он-нет“ беше првата компанија што понуди поевтини меѓународни разговори со припејд-картичка „озон“. Вакви услуги по слични цени нудат и фирмите „Мегалајн“, „Делта три“ и „Расофт нет комуникации“.

„Македонски телекомуникации“ предизвикана од оваа појава ги намали цените за меѓународен телефонски повик за 50 отсто.

Граѓаните нестрпливо очекуваат со либерализацијата во телекомуникациите да се создаде ваква конкуренција и во фиксната телефонија за локални и меѓуградски повици, со што ќе поевтинат и овие разговори.

Дневник 


(4251 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]