|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Наскоро тендер за втор фиксен оператор
|
|
|
|
Наскоро тендер за втор фиксен оператор |
|
|
|
15.09.2005. |
|
Премиерот Владо Бучковски очекува до крајот на оваа година да заврши тендерска постапка со која ќе се внесе конкуренција и во фиксната телефонија. Премиерот верува дека на тендерот за искористување на мрежата на ЕСМ за телекомуникациски услуги ќе се постигне многу висока цена, бидејќи за овој сегмент заинтересирани се МЕР, Самсунг, а од неодамна и Сименс.
"Останува отворено само прашањето кога ќе биде тендерот за да и во фиксната телефонија имаме конкуренција. Во сите други сегменти од телекомуникацискиот пазар имаме драстично намалување на цените", изјави премиерот Бучковски и дополни дека станува очигледно дека не може да се очекува појавување на втор фиксен телекомуникациски фиксен оператор како што е Телеком: "Анализите покажуваат дека многу други сегменти од телекомуникацискиот сектор можат да донесат профит за државата. Така што и најавите на компаниите МЕР, Самсунг, а сега и од Сименс, навестуваат дека во овој сегмент може да се очекува постигнување на највисока цена од евентуално новиот корисник на технологијата што ја има ЕСМ", вели Бучковски. Од ЕСМ и МЕПСО се очекува до октомври до Владата да достават информација за можностите за искористување на електроенергетската мрежа за телекомуникациски услуги, така што Владата да може да заземе став пред да го објави тендерот за приватизацијата на ЕСМ. Дознаваме дека и во Агенцијата за електронски комуникации се појавуваат фирми кои се заинтересирани за нудење телефонски услуги. Во Агенцијата стигнати се преку 20 барања за нотификација за оператори со локален и меѓународен сообраќај, како и 5 барања за изградба на сопствени мрежи. Меѓу нив е и барање за сопствена мрежа доставил и "Он нет", кој веќе нуди услуги за ВоИП - интернет телефонија. Вест (4158 hits/посети) |
|