Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow „Виндоус ХП“ и на албански јазик
„Виндоус ХП“ и на албански јазик Испечати Е-пошта
19.09.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Корпорацијата „Мајкрософт“ подготви албанска верзија на софтверот „Виндоус ХП“ за потребите на албанскиот и на косовскиот пазар, а таа бесплатно ќе може да се користи и во Македонија. Таа можност ја имаат само корисниците што ја легализирале програмата „Виндоус“. Албанската верзија на „Виндоус" ја подготви чешката фирма „Моравија“.


Од „Мајкрософт Македонија“ неодамна соопштија дека верзијата на албански јазик се прави поради деловен интерес. Тоа, пак, не ја исклучува можноста и вработени во државните институции да ја користат оваа верзија. Во претставништвото на компанијата во земјава велат дека не е важно кој каква верзија на софтверот ќе користи бидејќи во државните институции официјално се употребува „Виндоус“ на македонски јазик.

„Мајкрософт“ смета дека со оваа инвестиција ќе придонесе за забрзување на развојните и на едукативните процеси во регионот и ќе ги доближи своите производи до сите албански корисници, отстранувајќи ја јазичната бариера за користење на компјутерите за голем број од нив.

Со подготовката на новата верзија, албанскиот јазик влегува во групата од 40-ина светски јазици на кои е преведен најраспространетиот оперативен систем на компанијата.

Дневник 


(4395 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]