Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Телекомот самоволно воведува нови правила на игра
Телекомот самоволно воведува нови правила на игра Испечати Е-пошта
6.10.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

„Македонски телекомуникации“ има право ди ги менува сите точки од договорот со своите корисници на АДСЛ - пакетите за брз Интернет без за тоа да ги консултира клиентите. Ова е одговорот што го добиле корисниците на АДСЛ-услугите од интернет-провајдерот „Македонски телекомуникации“ кога побарале образложение за најавите на компанијата дека од 1 ноември годинава корисниците доколку го надминат месечниот лимит за интернет-сообраќај ќе плаќаат 175 денари плус ДДВ за секои нови почнати 512 мегабајти од интернет. 


Граѓаните и менаџерите на повеќе фирми реагираат бидејќи во постојните договори меѓу корисниците на АДСЛ - услугите и МТ никаде не постои одредба што дозволува телекомот самоволно да ги менува условите за АДСЛ-услугата. Корисниците прашуваат како може најголемиот интернет-провајдер во Македонија еднострано да ги прекршува договорите што не предвидуваат промени во АДСЛ - услугите.     

- „МТ“ ќе ги прекрши договорите со клиентите (правни и физички лица) во кои јасно пишува дека „МТ“ го задржува правото да ја намали брзината на пристап доколку остварениот месечен сообраќај надминува 4 гигабајти за „хоби“ пакет, 10 гигабајти за „офис“ пакет и 25 гигабајти за „профи“ пакетот за АДСЛ услуги“. Во ниту еден договорите меѓу корисниците и „МТ“ не е наведено дека тие го задржуваат правото да наплаќаат екстра ако клиентите го надминат месечниот лимит - вели еден корисник.

Во „Македонски телекомуникации“ велат дека биле принудени да ја воведат оваа промена бидејќи одреден број корисници вршеле злоупотреба на АДСЛ-услугите на тој начин што преку една линија Интернет користеле повеќе нерегистрирани корисници.

Оттаму велат дека со новите услови не се менува цената на услугата, не се менува начинот на тарифирање и не се воведуваат нови пресметковни блокови кај АДСЛ - услугата. Според одговорните во телекомот, корисникот при склучување договор за користење АДСЛ-услуги мора да знае и колкав квантум сообраќај му следува со соодветниот пакет бидејќи тоа е наведено во договорот. Оттаму велат дека корисникот и понатаму може да остане на фиксниот износ на тој начин што во текот на еден месец може да го контролира квантумот на сообраќај преку веб-сaјтот www.adsl.com.mk.

- Едноставно, телекомот нема повеќе да ја намалува брзината на сообраќајот кај корисниците што ќе го надминат месечниот лимит, туку секој ќе може да продолжи да ја користи услугата со определена доплата – велат во „Македонски телекомуникации“.

Корисниците на АДСЛ-услугите тврдат дека не можат да бидат сигурни дека во „Македонски телекомуникации“ веродостојно ги прикажуваат податоците за пречекорување на месечниот лимит за Интернет. - Многу често се јавуваат случаи во кои на телефонските сметки за граѓаните се прикачуваат и потрошени импулси за разговори што тие никогаш не ги воделе. Многу е тешко корисниците на АДСЛ - услугата да имаат реален увид во тоа дали навистина го пречекориле интернет-лимитот што се нуди преку одреден пакет. Во МТ многу лесно може да ја злоупотребат оваа состојба и слично како со телефонските сметки, во иднина бесправно да наплаќаат за пречекорување на лимитот - вели еден од клиентите на МТ.

 

држава

брзина

пакети/
пристап

месечен
надомест

Македонија

384/128 кбпс

ограничен
1/2ГБ

21 евро

Хрватска

384/64 кбпс

ограничен
1/2ГБ

13 евра

СЦГ

256/64 кбпс

неограничен

27 евра

Словенија

1024/256 кбпс

неограничен

33 евра

Полска

256/64 кбпс

неограничен

16 евра

Чешка

256/64 кбпс

неограничен

18,6 евра

Франција

512/128 кбпс

неограничен

14,9 евра

Холандија

256/64 кбпс

неограничен

15 евра

Време


(4712 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]