|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Пет часа без интернет
|
|
|
|
Пет часа без интернет |
|
|
|
11.10.2005. |
|
Македонија за првпат остана пет часа без интернет. Мрежата на „Македонски телекомуникации“ изутрината околу 11 часот беше нападната најверојатно од хакери кои се до 16 часот попладне успешно насочуваа огромен сообраќај кон мрежата на Телеком со што ја блокираа целата интернет мрежа во земјава. Дали станува збор за револтирани корисници на скапиот интернет што го продава Телеком или организиран напад од неговите конкуренти, вчера не можеше да се утврди. Од Телеком посочуваат дека станува збор за организиран и намерен напад заради состојбите со интернет услугите во земјава кој доаѓал од странство. Но, не ја отфрлија веројатноста иницијаторите на нападот да се нивни корисници.
-Некои злонамерници, освен што ги заведуваат чесните АДСЛ корисници со погрешно информирање за услугата, вчера организирано го нападнаа таканаречениот 'дата нетворк системот' - ДНС за да ја блокираат целата интернет мрежа во Македонија", изјавија од „Македонски телекомуникации“ и дополнија дека мрежата била оспособена откако им помогнале „Маѓар телеком“ (поранешен „Матав“) и „Дојче Телеком“. Блокадата ја толкуваат како атак не само врз Телеком, туку врз целата македонска економија. Криминалот веднаш бил пријавен до надлежните домашни и меѓународни институции со намера престапниците да одговараат според правдата. Телеком пред десеттина дена ги зголеми цените на брзиот интернет - АДСЛ, поради што се јави поголемо незадоволство. Вест (4245 hits/посети) |
|