Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Сè повеќе се инвестира во информатиката
Сè повеќе се инвестира во информатиката Испечати Е-пошта
12.10.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Информатичкиот сектор во Македонија, како и во регионот, според независните истражувања на пазарот, во економски успешните години расте со стапка од 20 отсто. Тоа е далеку над резултатите и можностите на многу други сектори, вели Ѓорѓи Милев, директор на фирмата за информатичка технологија „Интеликом“.

- Во регионот се случува вистински информатички бум, кој го предводат Бугарија и Романија. Во овие земји постои тренд на продажба на услуги за фирми од западна Европа. Тоа претпоставува постоење голем кадровски капацитет, кој ние го немаме во земјава. На пример, во Романија секоја година се создаваат нови 5.000 информатички експерти. Во овие две земји големиот подем на информатиката е дополнително поттикнат од приватизацијата, странските инвестиции и од пристапните фондови на ЕУ. Македонија засега е на маргините на овие случувања. Сепак повеќе наши информатички фирми, вклучувајќи го и „Интеликом“, успеваат да ги искористат позитивните трендови и да се позиционираат на странските пазари.

- Колку македонските фирми инвестираат во информатичка технологија (ИТ)?

- Нашите фирми, без разлика дали се од индустријата, земјоделството или од услужниот сектор, се соочуваат со меѓународна конкуренција и затоа се принудени да ги користат современите технологии, меѓу кои е и информатиката. Вложувањата во информатичка технологија се во рамките на можностите на македонскиот пазар, но сепак се значаен дел од вкупните инвестиции. Фирмите со странски капитал, како што се Телекомот, „Мобимак“, „Космофон“, Стопанска банка, Тутунска банка, „Дајнерс клуб“ и други, се водечки во примената на информатичката технологија. Но и други компании не заостануваат многу.

- Како котираат производите на „Хјулит Пакард“, кои вие ги дистрибуирате на македонскиот пазар?

- „Хјулит Пакард“ веќе со децении е реномирана марка на македонскиот пазар и има удел од над 50 отсто во вкупната продажба на информатичка опрема и услуги. Компанијата има одлична продажба на специфични деловни решенија, како што се системи за платежни картички, софтвер за банкарско порамнување, за телекомуникациски компании и друго. Деловниот софтвер допрва станува актуелен. Неодамна беше објавено дека продажбата на деловниот софтвер „опенвју“ на ХП ќе расте во следните четири години со стапка од 62,3 отсто. Очекуваме и во Македонија порастот да бележи сличен тренд, ако не и подобар. „Интеликом“, заедно со ХП или самостојно, во некои домашни фирми веќе изведе мошне успешни проекти базирани на „опенвју“.

- Кои се придобивките од овој софтвер?

- „Опенвју“ е цела палета на производи што служат за управување со информатичките сервиси, како што се електронската пошта и системот за платен промет во банките. По својата комплексност, квалитет и продажба „опенвју“ е производ број еден од таков вид во светот. Без разлика на големината на фирмата или видот на работата, „опенвју“ софтверот може да помогне да се заштеди и да се подобри квалитетот во работењето. Најголеми клиенти се тие чие работење многу зависи од информатичката технологија, како што се телекомите, банките, финансиските установи, поголемите фирми.

- Има ли интерес од компаниите, пред се од банките, да го имплементираат овој софтвер во своето работење?

- Во Македонија сега е мошне актуелна хармонизацијата на банкарството со европското законодавство, кое пропишува висок степен на безбедност и достапност на банкарските услуги. „Интеликом“ изведува проекти кај неколку банки и финансиски установи за воведување системи за безбедност на информациите и за континуитет на работењето според стандардите ИСО17799. Повеќето вакви системи се вградуваат со софтверот „опенвју“ и преку управување со информатичките сервиси.

- Колку државните институции се заинтересирани да инвестираат во ИТ?

- Во многу државни институции денес работат професионално и информатички едуцирани луѓе и тие имаат јасна претстава за неопходноста од примената на ИТ. Постои и политичка иницијатива за развој на информатичко општество. Воведувањето на едношалтерскиот систем исто така е поврзано со инвестиции во ИТ. Но големиот интерес на државата за информатичка технологија, за жал, не е поткрепен со соодветни буџети.

Дневник 


(4174 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]