|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Електронско пријавување на даноци
|
|
|
|
Електронско пријавување на даноци |
|
|
|
17.10.2005. |
|
http://www.seavus.comСистемот за електронско пријавување на даноци почна со работа, а фирмите ќе почнат да го користат од јануари в година. Тој ќе функционира во рамките на Управата за јавни приходи и, според најавите, прво ќе го користат 100 најголеми македонски компании.
Овој проект е финансиран од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), а ќе биде изработен од фирмата „Сеавус“. - Апликацијата за електронско пријавување на даноци претставува голем чекор кон креирање на ефикасен и транспарентен систем за собирање на даночните давачки во Македонија - рече директорката на УЈП, Петра Митева. Се очекува овој систем да ги намали административните тешкотии за даночните обврзници и за УЈП, како и да овозможи брзо и безбедно процесирање на голем број податоци. Развојот на овој софтвер е инициран од проектот за електронска влада на УСАИД, кој има за цел да ги зголеми ефикасноста и транспарентноста во работењето на јавниот сектор и да отвори нови можности за деловни активности. Dnevnik (4210 hits/посети) |
|