Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Најава за трибина - Слобода на медиумите на интернет
Најава за трибина - Слобода на медиумите на интернет Испечати Е-пошта
26.10.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

На 27 октомври 2005 година во хотел „Александар Палас“ во Скопје со почеток од 12 часот ќе се одржи јавната трибина на тема „Слобода на медиумите на интернет“.

Трибината се одржува во рамките на Меѓународната конференција „е-Општество.Мк“, која се одвива според Националната стратегија за информатичко општество, како дел од напорите за задоволување на приоритетната потреба за подигање на јавната свест и зголемување на знаењата преку излагања на интернационални и домашни експерти.

На трибината воведни излагања ќе одржат:

• г. Миклoш Харашти – Претставник на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Виена
• г-а Сара Бротон – Раководител на Секторот за развој на медиуми при Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје
• г. Јан Браун – Член на управниот одбор, ЕДРИ (European Digital Rights)
• г. Роберто Беличанец – Извршен директор, Центар за развој на медиуми
• г-а Данче Даниловска – Координатор на програмата за Слобода на информациите на ФИООМ

Конференцијата е поддржана од Набљудувачката Mисија на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата Метаморфозис.


(4059 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]