|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Најава за трибина - е-Образование
|
|
|
|
Најава за трибина - е-Образование |
|
|
|
5.11.2005. |
|
На 8 ноември 2005 година во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово со почеток во 11 часот ќе се одржи јавната трибина на тема „е-Образование“.
Трибината се одржува во рамките на Меѓународната конференција „е-Општество.Мк“, која се одвива според Националната стратегија за информатичко општество, како дел од напорите за задоволување на приоритетната потреба за подигање на јавната свест и зголемување на знаењата преку излагања на интернационални и домашни експерти. На трибината воведни излагања ќе имаат: • г. Кристијан Мелер – експерт, канцеларија на Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите • г. Замир Дика – проректор за настава на Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово • г. Зоран Бојаровски – заменик-главен уредник на Форум плус, предавач во МИМ • г. Гоце Арменски - Работната група за изработка на Националната стратегија за развој на информатичко општество и асистент, Институт за информатика, ПМФ, Скопје Трибината ќе ја модерира д-р Марјан Гушев, член на УО на Фондацијата Метаморфозис и професор на Институтот за информатика при ПМФ, Скопје. За повеќе информации посетете го сајтот www.e-society.org.mk. (4366 hits/посети) |
|