Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Македонија води во светот со безжичен интернет
БиБиСи Њуз објави напис за проектот финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) со кој стотина далечни села во Македонија ќе добијат брз интернет преку поврзување на 460 основни и средни училишта во земјата во рамките на проектот Македонија се поврзува. Компјутерите за училишните лаборатории се донација на Народна Република Кина.
- Ја имаме можноста за безжичен пренос на информации во земјата и потоа ставаме уред во училиштето каде било во Македонија. Штом ќе го добијат уредот тие автоматски добиваат интернет пристап - изјави Глен Страхан, координатор на проектот Македонија се поврзува.