|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Започна Светскиот самит за информатичко општество
|
|
|
|
Започна Светскиот самит за информатичко општество |
|
|
|
15.11.2005. |
|
Денес започнува Светскиот самит за информатичко општество (ССИО) кој до 18 ноември ќе се одржува во Тунис. Светските и технолошките лидери ќе земат учество на овој самит на ОН чија цел е да им се помогне на посиромашните нации да ја искористат дигиталната револуција.
Во центарот на вниманието на самитот ќе биде прашањето за контролата на интернетот којашто сега е во рацете на Интернет корпорацијата на доделени имиња и броеви (ИКАНН) со седиште во САД. Група земји, меѓу кои и Кина и Иран се залагаат за идејата интернет да биде контролиран од меѓународно тело. Исто така, самитот во Тунис претставува шанса да се провери до каде се владите во нивните заложби за „инклузивно информатичко општество“ кои беа утврдени пред две години за време на првиот самит во Женева. На тој самит беа усвоени Декларација на принципи и Акционен план како обид да се поттикнат владите и главните играчи да го премостат дигиталниот јаз исполнувајќи ги Милениумските цели на ОН, вклучувајќи го и обидот интернетот да стане достапен за сите до 2015 година. На самитот се очекува да учествуваат околу 10 000 учесници. Меѓу нив ќе биде и делегација на Фондацијата Метаморфозис. (4376 hits/посети) |
|