|
Напомена: Семинарот е одложен поради трагичните настани поврзани со загинувањето на претседателот и придружбата. Новите термини ќе бидат соопштени накнадно.
Напомена: Семинарот е одложен поради трагичните настани поврзани со загинувањето на претседателот и придружбата. Новите термини ќе бидат соопштени накнадно.
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Центарот за информациски и комуникациски технологии – Метаморфозис, организира семинар на тема:
„Вовед во веб-дизајн за локалните координатори на центрите за поддршка на НВО“
Целта на семинарот е обука на локалните координатори за изработка на веб-сајтови за потребите на центрите. Семинарот ќе се одржи од 01 (понеделник) до 05 (петок) март 2004 година, во х. Белви – Охрид. Сите трошоци околу семинарот ги покрива ФИОО–Македонија.
ФИОО–Македонија има Центри за поддршка на НВО во 12 градови на територијата на Република Македонија: Штип, Велес, Прилеп, Кичево (финансирани од Швајцарската агенција за развој) и Дебар, Делчево, Кратово, Гевгелија, Ресен, Струмица, Струга, Неготино (финансирани од Европската агенција за реконструкција).
Центрите за поддршка на НВО нудат видлив, вклучувачки и ефикасен процес на вмрежување, координација, комуникација и развој на партнерства помеѓу НВОите, како и помеѓу НВОите и локалните власти, медиумите, училиштата и останатите корисници.
Корисници на Центрите за поддршка на НВО се: • Членови на НВОи и граѓански организации, индивидуи; • Заедниците кои ќе имаат корист од повидливо и поквалитетно доставување на услуги од НВОите; и • Општините кои ќе имаат корист од зајакнатата соработка со еден витален актер во граѓанското општество.
Центрите за поддршка на НВО нудат услуги на своите корисници и финансиери, вклучувајќи: логистичка поддршка, програма за зајакнување на капацитетите, вмрежување/олеснување, доделување грантови и иницијативи од заедницата. (4249 hits/посети) |