|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Новиот европски домен „.eu“ започнува со работа на 7 декември
|
|
|
|
Новиот европски домен „.eu“ започнува со работа на 7 декември |
|
|
|
6.12.2005. |
Европската комисија објави дека доменот од највисоко ниво „.eu“ којшто им овозможува на компаниите, јавните органи и граѓаните да одберат пан-европско интернет име за своите веб-сајтови и адреси на е-пошти ќе започне со работа на 7 декември 2005 година. Суфиксот „.eu“ им овозможува на корисниците да се претстават на цела Европа, но и да ги претстават и своите амбиции или определби. Тој ги надополнува, но не ги заменува националните кодови на земјите како што се „.fr“ за Франција, „.pl“ за Полска и „.uk“ за Велика Британија. Почетниот период од 4 месеци ќе биде наменет за поголемите играчи, вклучувајќи ги и компаниите, да аплицираат за регистрирање на име на домен ако се наоѓаат на територијата на Европската Унија. Од 7 април 2006 година регистраторот ќе биде отворен за апликации од јавноста. Со воспоставувањето на „.eu“ доменот Европската комисија го одржа ветувањето дадено на Европскиот совет во Лисабон во 2000 година дека на европското информатичко општество ќе му дадат идентитет на интернет според јасни правила пропишани од ЕУ. - Очекувам европскиот домен од највисоко ниво „.eu“ да стане важен скоро колку и доменот „.com“ - изјави Вивијан Рединг, комесар за информатичко општество и медиуми. – За бизнисите „.eu“ ќе ги прошири нивните пазари и истовремено ќе ги заштити со законите на ЕУ од компјутерските измамници. Ако сте граѓанин „.eu“ доменот ќе ви помогне да го направите вашето присуство на интернет, или присуството на вашето училиште, универзитет или клуб позабележително низ Европската Унија. Новиот европски домен од највисоко ниво нуди единствена можност за современ онлајн маркетинг кој ги надминува границите. Со доменот од највисоко ниво „.eu“ управува приватен, непрофитен регистратор EURid (работно име за непрофитниот концзорциум составен од 3 регистратори: DNS-BE (Белгија), IIT CNR (Италија) и NIC SE (Шведска) којшто беше избран од Европската комисија по пат на јавен повик. EURid ќе регистрира апликации за регистрација на имиња на домени преку широка мрежа на акредитирани регистратори. За регистрирање на имиња на домени може да се аплицира само кај овие акредитирани регистратори. Листа на сите регистратори и јазици на кои се нуди регистрација можете да најдете на http://list.eurid.eu/registrars/. (4315 hits/посети) |
|