Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Германскиот град Манхајм најави дека има намера да мигрира на Линукс оперативен систем.
Одговорните од секторот за технологија веќе направиле миграција на повеќето од 120 сервери на градот на оперативен систем со отворен код. Тие планираат да мигрираат и 3.500 персонални компјутери на слободниот софтвер Опен Офис.орг кој ќе работи на Линукс.
Миграцијата треба да му помогне на градот во неговата определба за користење на програми кои поддржуваат отворени стандарди и кои ќе можат да се користат од страна на секој софтвер, било да е со затворен или со отворен код.
- Ние во Манхајм сакаме самите да одлучуваме за нашата ИТ стратегија, а не Мајкрософт да одлучува наместо нас – изјави Герд Амбрустер, менаџер за ИТ инфраструктура на Манхајм. (4318 hits/посети)