Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Телекомот да не нè уценува со цената
Телекомот да не нè уценува со цената Испечати Е-пошта
7.12.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Цената за интерконекција со мрежата на „Македонски телекомуникации“ ќе биде еден од клучните фактори за да им понудиме поевтини телефонски услуги на граѓаните, укажуваат идните фиксни оператори.

МТ јавно ќе им ја претстави понудата за интерконекција на идните телефонски оператори, но без да ја прецизира цената. Регистрираните оператори и даватели на услуги ќе бидат запознаени само со техничките и правните услови од понудата за интерконекција, кои се веќе одобрени од Агенцијата за електронски комуникации. Се очекува за неколку дена Агенцијата да се изјасни за цената што ќе треба да ја плаќаат новите оператори на Телекомот за поврзување на мрежите.

- Телекомот најави дека ќе понуди добра цена за интерконекција. Очекуваме цена како таа во Хрватска или во Бугарија, каде што има повеќе фиксни оператори. Кога Агенцијата ќе се изјасни за понудената цена, ќе видиме дали таа е реална или наметната. Сите идни оператори ќе се здружиме во преговорите, па и ќе тужиме ако Tелекомот понуди цена за интерконекција што нема да одговара на пазарната логика. Не смее да се дозволи преговорите за интерконекција да траат предолго. Во тој случај треба да интервенира Агенцијата за електронски комуникации за да може што побрзо почнеме со работа - вели Марјан Гријаковиќ-Ѓуровски, директор на „Некстел“.

Според некои процени, идните фиксни оператори ќе треба да платат еднократно по околу 50 илјади евра за да се приклучат директно на мрежата на МТ. Со директниот приклучок граѓаните ќе можат преку мрежата на Tелекомот да изберат преку која телефонска компанија сакаат да разговараат вртејќи четирицифрен број, како шифра на операторот, пред бројот што го избираат. Телекомот, според законската обврска, веќе набави ваков софтвер за кој плати околу 1,8 милион евра.

Во Tелекомот велат дека по презентацијата на понудата ќе може да почнат преговорите за интерконекција со идните телефонски оператори, со што ќе придонесат за либерализацијата на пазарот на фиксните телефонски услуги. Во Агенцијата за електронски комуникации истакнуваат дека околу 30 претпријатија веќе се нотифицирани кај нив за давање различни телекомуникациски услуги.

Извор: Дневник 


(4602 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]