|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Специјалните филмски ефекти на Македонија
|
|
|
|
Специјалните филмски ефекти на Македонија |
|
|
|
13.12.2005. |
|
Новинарот на БиБиСи Њуз Дејвид Рид пишува за учеството на Македонија во аутсорсинг во филмската индустрија. Во написот Рид истакнува дека иако Македонија е убаво место за да се сними филм, сепак компаниите од Холивуд повеќе се заинтересирани за најмување на македонските експерти за анимација за изработување на сценографијата отколку за Македонија како локација за снимање. Причина за написот е македонското студио за анимација FX3X. Македонските аниматори работеа на сцена од „Авијатичарот“. - Сè мора да се направи рачно, фрејм по фрејм, и поминавме два и половина месеци за позадина за неколку минути. Работевме по 15 часа на ден. Нема спиење, нема излегување со девојките, ништо од тоа – рече Мишо Ристов, FX супервизор во FX3X. Следете го линкот за да го прочитате написот објавен на веб-сајтот на БиБиСи Њуз. Извор: БиБиСи Њуз (4446 hits/посети) |
|