|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Компјутери за сите општини
|
|
|
|
Компјутери за сите општини |
|
|
|
14.12.2005. |
|
Сите 84 општини и градот Скопје ќе добијат по пет до шест компјутери наменети за одделенијата за урбанизам. Компјутерите и опремата се донација од Европската агенција за реконструкција (ЕАР), вредна 12 милиони евра. - Ова е важно за процесот на децентрализацијата и дава нова димензија на локалната демократија - рече Ризван Сулејмани, министер за локална самоуправа, по потпишувањето на меморандумот. За Ерван Фуере, амбасадор на Европската Унија во Македонија, вчера потпишаната спогодба е уште една пресвртница во процесот на децентрализација. - Денешната церемонија е дух на солидарност со оваа мала, но прекрасна земја. Тој дух ќе помогне Македонија наскоро да стане член на европското семејство, каде што и природно припаѓа - рече Фуере. Андреј Петров, претседател на Заедницата на општините, рече дека обуката и опремата што ЕАР им ја доделува на македонските општини ќе помогне да се задоволат потребите во урбанизмот и планирањето. Проектот „Програмата за обука за урбанистичко планирање и обезбедување компјутерска опрема, од 2004 до 2006 година“ е двегодишен проект вреден три милиони евра. Веќе се реализира преку обуки на вработените во секторите за урбанизам. Извор: Време (4485 hits/посети) |
|