Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Софтверот на ФПИОМ ги игнорира заложбите на Националната стратегија за развој на информатичко општество
Софтверот на ФПИОМ ги игнорира заложбите на Националната стратегија за развој на информатичко општество Испечати Е-пошта
16.12.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Обврската за доставување месечни пресметки за плата и придонес (МППП) која според Членот 183, став 4, 5 и 6 од Законот за измени и дополнување на Законот за  пензиско и инвалидско осигурување („Сл. весник на РМ“ бр 85/03) ја имаат сите обврзници за кои со закон е пропишана оваа обврска, од почетокот на следната година ќе се извршува по електронски пат.

Тое секако е добра вест бидејќи ја зголемува достапноста на услугите по електронски пат што во суштина би требало да ги олесни и поедностави работите за граѓаните во однос на исполнувањето на нивните обврски кон државата. Сепак, тоа не е во согласност и со Националната стратегија за развој на информатичко општество која во јуни оваа година беше усвоена од Владата на РМ, а во септември од страна на Парламентот.

Имено, во неа се вели дека за да можат граѓаните и нивните здруженија да бидат чинители на информатичкото општество потребно е да се овозможат достапни е-услуги кои ќе бидат независни од софтверската платформа. Спротивно на ова, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) нуди клиентски софтвер за МППП кој бара користење најмалку на Microsoft Windows 98 SE или понов, и .NET Framework. Во нашите продавници може да се најдат само лиценцирани Microsoft Windows XP Professional и Microsoft Windows XP Home, кои чинат од 60 евра + ДДВ, па нагоре.

.NET Framework е апликација на која можат да се развијат и други софтверски решенија кои не мора нужно да бараат користење на лиценциран корпоративен софтвер. Лиценцираниот софтвер на Мајкрософт за голем дел од граѓаните е прескап. Сепак, ФПИОМ нема во план развивање на друг софтвер за МППП. Значи, користењето на софтверот за МППП не им остава на граѓаните можност за избор на софтверската платформа која ќе ја користат во својата работа бидејќи во спротивно не би можеле да ја исполнуваат својата законска обврска кон ФПИОМ и државата.

Оваа постапка на ФПИОМ не само што не е во согласност со Националната стратегија за развој на информатичко општество туку е и во спротивност на тврдењата на високи претставници на Владата дека стратешкото партнерство со Microsoft нема да влијае на софтверот кој ќе се нуди за разни електронски услуги односно дека граѓаните нема да бидат принудувани да користат софтвер од одреден производител.

(4758 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]