|
82 % од вкупно 725 анкетирани мислат дека цената од 30 евра што ја бара Марнет за регистрација на .мк домен е висока, додека само 3 % од нив сметаат дека таа цена е ниска.
82 % од вкупно 725 анкетирани мислат дека цената од 30 евра што ја бара Марнет за регистрација на .мк домен е висока, додека само 3 % од нив сметаат дека таа цена е ниска.
Тоа се резултатите добиени од анкетата што беше спроведена на веб сајтот на Метаморфозис, од 04.12.2003 година до 15.02.2004 година.
Во тој период, посетителите на сајтот можеа да гласаат за една од понудените алтернативи кои се однесуваа на висината на цената и воедно да остават свој коментар.
При тоа, за поголема регуларноста и веродостојност на податоците, системот на гласање беше така организиран што не дозволуваше повеќекратно гласање од еден ист компјутер.
На прашањето дали цената од 30 евра што ја бара Марнет за регистрација на .мк домен е висока, ниска или соодветна, анкетираните одговорија на следниот начин:

Еве и еден од коментарите на посетителите на сајтот:
„Ова го нема никаде во светот??! Ако просурфате малце по сајтови за регистрација на домејн, ќе видите дека годишната цена за домејн на .com, .net, .org не е повеќе од 10 долари...
За МАРНет
МАРНет е Македонска академска истражувачка мрежа која е единствено надлежна во Македонија за регистрирање на интернет поддомени под врвниот македонски домен „.mk“.
(3188 hits/посети) |