Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Иселеници ја бранат Македонија на интернет
Иселеници ја бранат Македонија на интернет Испечати Е-пошта
20.12.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Десетина Македонци со постојано живеалиште во Шведска, Германија и во САД побарале регистрација на интернет-адресата „macedonia.eu“ откако Европската комисија на 7 декември годинава првпат го отвори доменот „.eu“ како официјален домен на Европската Унија. Славе Савески и Борис Андоновски се нашите иселеници во Шведска, кои не информираа дека заедно со уште десетина наши сограѓани со живеалишта во повеќе европски земји веќе ја почнале постапката за регистрација на адресата „macedonia.eu“.

Повеќето од нив почнале и постапка за регистрација на адресата „greece.eu“ за да се дограбат до оваа адреса и да ги подзамислат грчките организации и поединци што со години ги оспоруваат нашето уставно име и нашата историја на Интернет.

- Истиот ден кога се пушти доменот „.eu“ добив имејл од еден пријател што живее во САД и е сопственик на адресата „vmacedonia.com“. Тој ми напиша „Славе, земај одма, да биде наш, македонски“. Тоа и го сторив и покрај адресата „macedonia.eu“, аплицирав и за „makedonija.eu“ и за „greece.eu“ - пишува Савески во писмото до „Време“.

Борис Андоновски, кој три години живее во Шведска, вели дека побарал регистрација и на адресата „greece.eu“ бидејќи го иритирала непријателската пропаганда од Грција на Интернет.

- Повеќето веб-адреси што се регистрирани со името Македонија се во сопственост на организации и индивидуи од Грција. Тие на сајтовите нудат содржини со кои се негира нашето постоење и поради тоа поднесов апликација и за адресата „greece.eu“ и доколку ми ја одобрат оваа веб-страница, ќе ја пополнам со содржини за Македонија на македонски јазик – вели Андоновски.       

„Време“ веќе пишуваше дека Европската комисија на 7 декември го објави „периодот на изгрејсонце“, во кој јавните тела во државите-членки во ЕУ, правните лица што се сопственици на одреден бренд и оние што располагаат со правата врз одредено географско потекло може да регистрираат адреса под доменот „.eu“. Четири месеци пред да го објави овој период, Европската комисија им овозможила на државите-членки на ЕУ да резервираат одреден број интернет-адреси под доменот „eu“ со имиња што се географски и геополитички препознатливи за нивната земја и кои можат да имаат големо влијание врз нивната политичка и територијална организација. Грција е една од шесте европски држави што го искористиле ова право и покрај другите географски имиња ги резервирала и имињата „macedonia.eu“, „makedonia.eu“, „makedonidos.eu“ и уште неколку имиња во кои се содржи името на нашата земја. Според правилата за користење на „eu“ доменот, тешко дека комисијата што ги одобрува апликациите ќе им ги додели „macedonia.eu“ и „greece.eu“ на нашите иселеници. Меѓутоа, на сајтот на „Еурид“, официјален регистар на „eu“ доменот, пишува дека комисијата што ќе биде составена од повеќе експерти од европските земји ќе решава ако дојде до спор за правото на регистрација на адреса под одредено географско име.

Владимир Николоски
Извор: Време 


(4941 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]