Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Виртуелна битка за името
Виртуелна битка за името Испечати Е-пошта
20.12.2005.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Ниту Владата, ниту некоја друга државна институција, ниту пак големите македонски бизнисмени не реагираа на одлуката на Европската комисија да отвори интернет-домен со наставка „.eu“. И да реагираа, можеби немаше да ја спречат соседна Грција да се дограби до адресата macedonia.eu, меѓутоа факт е дека не се ни обидоа. Грубо е да кажеме дека нашите министри, премиерот, претседатели на комисии за информатичка технологија, залагачи за информатичко општество, никогаш не чуле за интернет и за огромниот потенцијал што го нуди мрежата. Секој ден од нивните усти слушаме дека се залагаат да се промовира брендот Македонија, името Македонија.

Меѓутоа, нивната пасивност укажува дека не гледаат подалеку од носот. Тие не се загрижени што некоја друга држава утре ќе каже дека произведува месо, овошје, зеленчук, тетратки, моливи, облека и што уште не, со потекло од Македонија. Колку и да звучи бесмислено и какви и да се другите механизми за заштита на потеклото, требаше досега да увидиме дека на интернет никој не се прашува дали е вистина тоа што ќе го прочита, туку го чита.    

Ме изненади што на одлуката на Европската комисија реагираа нашите иселеници. Не знам дали ви текнува, тоа се луѓето за кои во приватни кругови често знаеме да се насмееме на нивната петдоларска љубов кон татковината. Изненади што неколкумина од нив реагираа и агресивно се впуштија во битката за регистрација на името Македонија во интернет адреса под доменот „.eu“. Тие се навредија кога прочитаа дека Грција ја присвоила оваа адреса и испратија докази дека побарале од европскиот регистар ним да им ја додели оваа адреса. Европа и во овој случај ја покажува својата скржавост и прво на своите чеда им даде право да си ги резервираат имињата за кои сметаат дека им припаѓаат.    

Сепак, кога Македонија конечно ќе влезе во Европската Унија, а ќе влезе кога-тогаш, нашата влада, без разлика во каков состав, ќе треба да води уште една долга битка за да докаже дека името Македонија на интернет треба да се поистоветува со државата Македонија. Проблемот е што кога се работи за интернет, ретко се преговара и тоа со посредници. Таму владее правилото прв пристигнал, прв зафатил, и точка.

Владимир Николоски
Извор: Време


(4764 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]