| Име | Изјава |
| Зоран Николов | Човечкиот мозок не е така добар во аритметички операции како компјутерите. Сепак, некои мозочни функции не можат да се изведат со компјутер, како асоцијација, категоризација, генерализација, класификација и оптимизација. Затоа, во догледно време компјутерите ќе му служат на човекот, а не тој нив. |
| Гордана Јосифовска | ИКТ претставуваат алатка со која жените може да се мобилизираат глобално, да прават светски промени во областа на заштитата на жените од насилство, како и да се борат за своите права и слобода. |
| Насте Грозданов | Информатиката обезбедува нови можности да се добие основно училишно образование како и можности за професионален развој покрај традиционалниот начин на стекнување на образование. |
| Мицкоски Николче | Полека но сигурно вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката, машините ќе се усовршуваат и местата ќе се заменат - човекот ќе стане нивна алатка. Најверојатно на некој интернет-форум некој робот ќе го постави прашањето: како човекот ќе влијае на животот во иднина? |
| Мицкоски Николче | Компјутерите ќе станат најсовршената алатка во рацете на човекот. Мали мемориски импланти ќе бидат вградени во човечките тела за зачувување на информациите. Бидејќи сите работни процедури ќе бидат автоматизирани на луѓето ќе им остане само да уживаат во благодетите, едни да создаваат уметност, други да се восхитуваат колку е совршен животот. |
| Зоран Николов | Еден од најмотивациските стремежи во светот на информатиката е да се создаде нов вид на моќни компјутери кои ќе решаваат проблеми далеку посложени за обичните дигитални компјутери, како на пример препознавање лик, зборување и разбирање природен јазик, контролирање на механичка рака да земе некој предмет и сл. |
| Филип Стојановски | Информатиката ќе го промени животот во слична радикална мерка како пронаоѓањето на писменоста пред 7000 години, а брзината со која ќе се почувствува промената ќе биде значајно поголема. |
| Игор Добросављевиќ | Информатиката ќе влијае позитивно во иднината...Светот преку интернетот ке ни биде на дланка. |
| Дарко Булдиоски | Во иднина луѓето ќе можат да сфатат дека познавањето на компјутерскиот јазик не е потребен за да ја завршат работата како што треба е потребен за да може човек да размислува и да перцепира во чекор со времето. Значи информатиката го променува начинот на перцепција на нештата, ја менува дефиницијата за време и простор. |
| Миле Костадинов | Информатиката во животот на една човечка структура е поделена на неколку фази од самото раѓање до својата смрт, па затоа од повеќе гледишта е потребно да ја поддржиме информатиката како симбол на знаењето. |
| Снежана Савоска | Информатиката во нашето општество е како цвет кој допрва треба да расцути,но за жал само малку луѓе се свесни дека тој цвет треба да се негува. |
| Серафимовски Димитар | Нашата иднина се заснова на информатиката. Сите стануваат се по зависни од технологијата која е вклучена во секоја сфера на нашиот живот. Без познавање на информатиката остануваме неписмени и неспособни за понатамошен напредок и развој било на социјален или материјален план. |
| Гоце Серафимов | Ќе ги зацврсти разнишаните меѓуетнички односи кои моментално не постојат и ќе дозволи оваа затворена држава да биде отворена за светот. |
| Жаклина Пауновска-Анѓелковиќ | Позитивно во секоја смисла и област на делување се со цел за глобален напредок во сите сфери а за да се отпочне треба најпрвин локално јас како индивидуа во општина Kочани ве повикувам за соработка |
| Елизабета Јовановска | Иднината веќе почна, со првиот Click. Се нешто мислам дека со следното трепнување тој Click удобно ќе се смести во нашите глави,терајќи не во чудо да се свртуваме кон минатото, прашувајќи се како сме можеле да живееме без него. |
| Никодиновски Филип | Информатиката е како кислород ја има насекаде таа ќе ни помогне многу во иднината полесно е да се усоврши отколку да се биде без неа |
| Никола Тануровски | Информатиката ја создаваат луѓето така да како тие ќе влијаат едни на други така и информатиката ќе влијае на животот во иднината. |
| Мелита Иванова | Ќе биде се на копче! Ќе се живее надвор од градовите во природа и се ќе се решава и сработува преку компјутер и интернет! |
| Дарко Ѓоргиевски | Информатиката преставува иднината на светот. Во минатото војните се воделе со оружје а денес се водат со помош на информатиката. Земјата која има повеќе информатичари таа е посилна и многу побогата. Информатиката е дејност која е доста интересна за учење, но носи многу средства во иднина. Информатиката е иднината на светот. |
| Блаже Тофиловски | Секако дека ке останат тие незнајковци но ќе има и такви кои за привезок на клучеви ќе купуваат усб со мп3 и ке имам максимални зависници кои нема да мозат да презивеат без поволностите кои ги носинапредокот на технологијата |
| наташа анѓелеска | Ќе има можности за сите деца, млади и возрасни да имаат пристап до ресурси за нивно образование, доусовршување,комуницирање без граници и предрасуди! |
| Јован Мазгански. | Информацијата е основа на животот.Информатикатта ги обработува и пренесува информациите на голем број корисници. Информатиката е основа на планирањето и одлучувањето. |
| Марија Улага | И денес животот е незамислив без информатиката,а во иднина мислам дека ќе стане есенцијална, пред се за комуникацијата меѓу луѓето,а потоа и за напредување во сите сфери кои ги интересираат луѓето! |
| Калина Грковска | Информатиката е важен дел од животот на секој поединец. Со нејзина помош се приближуваме што поблиску до светот.Информатичката технологија од ден на ден се повеќе се развива. Посебно компјутерот кој навлегува во секоја сфера од животот. Информатиката го олеснува животот во поглед на подобра комуникација, нови познатства,нови бизниси... Потребно е само да се навлезе во нејзините води , за да обезбедиме подобра иднина. |
| Билјана Римческа | Како што напредува информатичката технологија во блиска иднина ќе доживееме таков бум , кој ќе не измени од корен. Започнуваме со ласерското скенирање,сателитите ќе станат дел од нашиот поглед кон светот, роботите ке станат наши најверни слуги,интернетот најдобар другар. |
| Христијан Гроздановски | Ќе се применува во секојдневието. Со што ќе се олесни животот на одредени групи граѓани. |
| Јован Ценев | Замислете само да снема струја. |
| Florim Ismailovski | Она што е водата за животот, тоа би биле информатичката технологија за идниот период. Кој побргу до информацијата, тој повреден и поценет во општеството |
| gordana janakievska | Иднина која не можеме да ја избегнеме. |
| Енес Хусеинов | Би било лудо да кажам дека информатиката, т.е компјутерите нема да имаат влијание врз животот на луѓето во иднината, посебно затоа што веќе сега тие се неизбежен дел од животот на скоро сите нас. Сепак, за некој можеби и звучи лудо тоа дека тие и нема да имаат некое големо влијание врз нашиот живот во иднина. Мислам, нормално, заедно со човечкиот фактор ќе бидат виновни за уништувањето на човештвото, но луѓето кои ќе останат живи нема да знаат што се тоа компјутери, пред се затоа што ќе му се вратат на каменото доба и врховниот компјутер - абакусот! |
| Беким Имери | Ќе го смали светот, и издолжи времето. |
| Зоран Стојковски | И колку да е парадоксално колку што мислам дека ИКТ не збижува и ни го олеснува животот, всушност почесто се соочувам само со својот компјутер, отколку заедно во разговор со некој близок човек. |
| Viktor Aleksovski | Животот ќе ни биде како во филмот Blade runner. Човечката рака ќе на дофат се и животот ќе биде многу полесен и многу поедноставен. Комуникацијата меѓу луѓето ќе биде на перфектно ниво. |
| Aleksandar Markovski | Информацијата (информатиката) претставува развоен ресурс кој ќе ја детерминира иднината на човештвотот во позитивна насока. Електронското општество е излез на отворено море за остварување на вредностите и идеалите кон кои се стремат граѓаните на планатата Земја и можност за исчезнување на постоечките граници. |
| Ljupco Efremov | Комплетна промена на стилот. На подобро. |
| Сениха Хасановиќ | Ќе ме заменат со робот,ама затоа јас ќе уживам. Друг ќе ги врши моите работи,СУПЕР нели? |
| Fljamu Muladauti | Со помош на роботиката да се читаат мислите на луѓето. |
| Адис Рахиќ | Ќе бидеме поблиски до бога. |
| Бојан Стојановиќ | Како што пронаоѓањето на струјата влијаеше во минатото! |
| милица арсовска | Со помош на информатиката ќе се олесни повеќе животот во иднина и не ќе мора секое утро да се излегува од дома туку се ќе се врши преку компјутерот. Од учење до работа. |
| Мемети Алберт | Во развојот на денешното општество каде се е во развојот на информатиката, па затоа битен фактор е познавањето на информатицките технологии.Так |
| Емир Реџепи | Во овој денешен свет најбитно е да се развије информатиката како кој е како дел од нас.Во Македонија е слаба развиена информатиката во нашето општество.Се надевам дека информатиката во нашиот живот ќе достигне голем развој од областа на информатиката каде што човекот ќе неможе да опстане без информатиката и интернетот. |
| Darko156 | Ќе се формира простор на текови наместо простор на објекти Просторот на тековите и безвременското време ќе станат материјална основа на новата култура |
| Васко Пановски | Информатиката може да биде начин на целосно усовршување на сите аспекти од човечкиот живот, со што таа ќе може да ја замени секоја работа и цел која што му е потребна на еден поединец. Информатиката е всушнос најсветлата точка во иднината на човештвото |
| Miki Andreev | Мислам дека би направила невиден напредок во сите науки - без неа нема иднина. |
| zoran tancev | Информатиката ќе има големо влијание - ќе го шекне секој кој нема мудро да ја користи! |
| vlatko petrusevski | Седам на плажа, пијам коктели и се ми е на копче :))) и ја пејам песната lazy. |
| Bozinova Aneta | iako vikaat deka trkaloto e najgosite lemiot izum na svetot za mene toa e silikonot, koj ovozmozi razvoj na informatikata. naskoro svetot ke bide samo eden grad vo koj na sekoj se ke mu bide dostapno |
| Bozinova Aneta | iako vikaat deka trkaloto e najgolemiot izum na svetot za mene toa e silikonot, koj ovozmozi razvoj na informatikata. naskoro svetot ke bide samo eden grad vo koj na sekoj se ke mu bide dostapno. |
| Стојоски Милија | Развојот на светот зависи пред се и најмногу од развојот на информатиката.Досегашниот степен на информатиката ги даде основите резултати и сигурно ќе ги дава научните,техничките технолошките,економските,културните и социолошките можности за сестраниот развој на човештвото. |
| Стевче Аврамовски | Информатиката ке има огромно влијание врз животот на луѓето, секако доколку во својата глупост не го унистат светот поради погресна примена на истата |
| levkovski mile | informatikata ke bide kako nasusen leb. |
| Андреја Богдановски | Сакан да верувам дека не сум и роб на технологијата, и верувам во истото се додека не ми падне интернет конекцијата :) |
| Ангелоски Зоран | Светот во иднина ќе зависи од добрата информација, а информацијата од брзиот развој на информатиката. |
| атанасов златко | Затоа што сум од Кавадарци, ќе можам од дома да знам за движенјето на цените на грозјето за да можам да го продадам истото |
| Новица Наков | Дури и во сите домаќинства во светот магично да се појави компјутер, тоа нема да реши ниту еден од проблемите. За работа на компјутерите потребна е струја. Во домаќинствата потребни се поважни работи: греење, вода, струја... На луѓето им се потребни подобри здравствени услуги, образование, а на најзагрозените и парче леб. Компјутерите не ги решаваат проблемите. Тие се само алатки. пс. Во Македонија само 5% од луѓето имаат пристап до Интернет. Прашање: како останатите 95% доаѓаат до pr0n? :-) |
| Галена Костоска | Роботи,шетање низ вселената,коли у воздух(се надевам не заради бомби :)) и се тоа се управувано од компјутери :))) Интересно нели? Вака би требало според мене да изгледа иднината :))) |
| nikola miloseski | Животот од копчето на домашниот компјутер. |
| ivana ilievska | taa ke vlijae mnogu dobro i so nea ke go podobrime nasiot zivot vo idnina |
| Jonoska Biljana | Ќе олесни многу аспекти на секојдневното живеење и работење. |
| milka bosevska | podobro pa to je buducnost |
| Славица Биљарска | Развојот на информатиката во општеството го гледм како придобивка, не само заради тоа што го олеснува секојденвото комуницирање и размена на информации. Со развојот на информатиката се олеснува работата на лицата за односи со јавност, професија која треба повеќе да се развива во насата земја |
| Росана Попоска | Информацијата е пари. А како најлесно до информација? Се разбира,преку современтата технологија. |
| Александар Карески | Бидејќи компјутерите може да се користат во секоја сфера од животот нивната употреба ја оптимизира и ја скратува работата што без нив може да се заврши. Затоа иднината е во компјутерите. |
| димко јанески | не ќе зивееме во 15 век |
| Стојче Стаменковски | Ке не натера покреативно да размислуваме,создавме и работиме а со тоа самите да си создадеме поубава иднина. |
| николаупевце | Сите ке носиме наочари со компјутер. |
| Vasil Manevski | Книги, книги, браќа дајте, а не ѕвонци и прапорци - Д. Обрадовиќ. Ова важело за минатиот век, а за нашиот што сега го живееме би можело да се парафразира со компјутери и информатика кон поубав и побогат живот. |
| антоанета димова | се ке ни биде подобро сервирано и ке станеме повеке мрзеливи засто за ништо нема да се трудиме да дознаеме или добиеме кога ке можеме секаква информација да добиеме за момент |
| Јадранка Стефкова | инфорамтички свет за економска ексапнзија и пре се и над се демократија |
| ана илиевска | постоење на роетоботи кои ке ни го олеснат зивотот и ке ни помагат во секојдневи |
| Дарко Ѓорѓиевски | Информатиката управува со светот и натаму ке биде се повеке применувана. Таа преставува иднината на светот. Пред нејзините остварувања и можности ние остануваме неми. Јас можам само да кажам ИНФОРМАТИКА-пред тебе сум нем. Дарко |
| марина јандревска | информатката има огромно влијание врз развојот на општеството и внесува поголема уцпешност на младата популација да биде во цекор со времето т.е. да бидат креативни и иновативни |
| Мијалче Ѓоргиев | ќе создаде основа за слободно креирање на знаење и можности достапни за сите и ќе бара работењето на луѓето да се издигне на повисоко мисловно ниво. Како нус ефект прстите ќе ни бидат потапи заради куцање на тастатура :) |
| Александра Симова | Надминувајќи го концептот за хипер постоење, да се надеваме дека конечно cyber концептот ќе остави простор за слобода на малите дигитални пеперутки |
| Таир Кашмир | Информатиката како наука е со многу брз развој кој иднината ќе ја доближи на дланка на секој човек. |
| Adem Sulejmanoski | Kako i sekade taka i kaj nas informatikata ima golemo vlijanie vrz sekojdnevniot zivot ,vo sitesveri na ziveejneto.Nie imame mnogu inteligentna mladina sto so pravo ocekuvame i poubava idnina,no seto toa ne zavisi od niv nego od nas povozrasnite a najpoveke od politicarite koi doprinesoa mladite da ziveat polni 15 godini vo karantin.Mozeme da im bideme mnogu blagodarni na USAID i Kineskata vlada koi dadoasvoe ucestvo za razvoj na informatikata vo RM |
| Муаремовски Енсер | Ќе ги смени сите активности во општеството а можеби ќе не смени и нас. |
| Ерина Најдовска | Информатичката технологија го има капацитетот, корисниците потенцијалот, иднината времето, а наша е одлуката како ќе ја користиме. Информатичката технологија е животот :) |
| Јован Петров | Ќе имаме повеќе време да го поминеме со оние што ни се најблиски, благодарение на автоматизацијата и поефикасната работа. |
| Величе Николовска | Замислувам како нашето општество е целосно компјутеризирано. Секој граѓанин во раката држи лап-топ, се поврзува он-лајн и плаќа, добива кредит и донира средства на накоја граѓанска иницијатива. На Македонија не и претстои ништо друго освен целосно информатичко општество, и не знам зошто постојано се споредуваме со Европа, зошто да не бидеме лидери и останатите држави да учат од нас. Па зарем не сме само 2 милиони жители. Кога тоа го може една Германија со 82 милиони, споредете само колку би ги чинело да ја стигнат Македонија. |
| Sanne van den Heuvel | ITC makes it easy to contact people around the world. I believe this will only increase in the future and creates better understanding. |
| Бојан Маринковиќ | Ајде да ја развиеме информатиката па домашните миленици да ги замениме со компјутер. |
| Robert Rustem | Побрз пренос и размена на информации секаде и во секое време. |
| Ѓорѓи Филиповски | Најсликовито, информатиката ќе биде нешто измеѓу Matrix и Minority Report. |
| goce gligorovski | Влијанието на информатиката е, и ќе биде големо, но подобро е да се постави прашањето каква би била нашата иднина без информатиката воопшто? |
|