|
Овластените дистрибутери за Линдоус на Линукс во Холандија, последните денови од јануари 2004, добија наредба да престанат со продажба на овој производ.
Овластените дистрибутери за Линдоус на Линукс во Холандија, последните денови од јануари 2004 година, добија наредба да престанат со продажба на овој производ.
Амстердамскиот судија Рулман се согласи со Мајкрософт дека Линдоус на повеќе начини „профитира од успехот на Виндоус“, незаконски користејќи ја трговската марка на Редмонд.
На холандските дистрибутери им беше речено, во тек на осум дена од изрекувањето на наредбата, да престанат со промоција и продажба на Линдоус.
На калифорниската компанија веќе не и е дозволено ниту да ги рекламира своите производи во Холандија и Белгија, а што е уште повпечатливо, судијата наредил веб страницата на Линдоус да стане неактивна за земјите на Бенелукс.
Холандските дистрибутери беа разочарани од пресудата. Дистрибутерот Менсис, изјави дека холандските потрошувачи, сепак, ќе можат и понатаму да го набавуваат овој производ од соседните земји.
„Досега, Мајкрософт не ги предизвикал германските дистрибутери“, изјавил Менсо де Јонг за Д Регистер. Тој додаде „Ако Мајкрософт сака да го блокира пристапот до веб страницата на Линдоус, предлагам корисниците да го користат Гугл како таен пристап“.
Оваа пресуда во огромна мера го забавува развојот на Линдоус. Минатата година Мајкрософт во Шведска го доби судскиот процес во кој е донесена привремена забрана за Линдоус.ком да ги користи ознаката „Линдоус“, „Линдоус.ком“ и „ЛиндоусОС“, чекајќи подоцнежна одлука за наводно незаконско користење на трговската марка.
Еден судија во Финска, исто така, ги прекори продавачите на Линукс поради користење на името Линдоус. Мајкрософт започна правна постапка во Франција, Белгија и Луксембург против дистрибутерите на Линдоус.ком и ЛиндоусОС.
Мајкл Робертс од Линдоус, сеуште не одговорил на последната пресуда, меѓутоа претходно им рекол на новинарите дека „Мајкрософт ги користи судските процеси како механизам за уништување на Линукс, сакајќи да ги спречи во намерата да отворат продавници за продажба на нивните производи на мало“.
(2749 hits/посети) |