|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Со канта сирење гратис интернет
|
|
|
|
Со канта сирење гратис интернет |
|
|
|
11.01.2006. |
|
Здружението на земјоделски производители "Виножито" од Кичево од вчера за секоја купена канта сирење дава и месечна картичка за интернет од 200 до 400 денари, во зависност од количеството на купената стока.
- Ова е интересен обид да се обезбеди пласман на квалитетното сирење од падините на Бистра - велат во здружението, јави МИА.
Фармерите истакнуваат дека на ваков начин сакаат да освојат нови потрошувачи од помладата популација. Покрај сирење, тие нудат и мед и компир под истите услови.
Во Здружението се надеваат дека поволностите со бесплатен интернет ќе привлечат повеќе клиенти и дека веќе во наредната сезона своите производи директно ќе ги носат од нивите во домовите на потрошувачите. Извор: Дневник (4538 hits/посети) |
|