Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ОН формираат Форум за управување со интернет
ОН формираат Форум за управување со интернет Испечати Е-пошта
17.01.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

ОН ќе формираат тело кое ќе дебатира за најголемите проблеми на интернетот. Неговото име е Форум за управување со интернет. Одлуките на ова тело нема да бидат обврзувачки, но се очекува да има големо влијание врз националните политики за интернет.

Форумот е резултат на дискусиите околу управувањето со интернетот. На некој начин ова тело претставува прв чекор кон ослабување на влијанието на САД врз светската мрежа. Денес со интернетот раководи Интернет-корпорацијата на доделени имиња и броеви која е под директна управа на Министерството за трговија на САД.

Одлуката за формирање на Форумот беше донесена на Светскиот самит за информатичко општество (ССИО) што се одржа во ноември 2005 година во Тунис. Консултативен состанок за работата на Форумот и неговите приоритети треба да се одржи на 16 и 17 февруари во Женева, а Грција се понуди да биде домаќин на првиот состанок кој треба да се одржи до крајот од месец јуни 2006 година.  

ОН ги повикуваат сите заинтересирани страни да земат учество на консултативниот состанок во Женева. Заинтересираните треба да пополнат апликација и да ја поднесат најдоцна до 11 февруари. Присуството е дозволено за сите претставници на влади и претставници кои се акредитирани од ССИО и од Економскиот и социјалниот совет на ОН.

Извор: Форум за управување со интернет


(4339 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]