Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Компјутери и интернет за 60 здравствени институции во Македонија
Компјутери и интернет за 60 здравствени институции во Македонија Испечати Е-пошта
19.01.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Шеесет медицински институции во Македонија преку проектот „Здравство на интернет“ ќе добијат донација во компјутери со АДСЛ-интернет врска. Проектот заеднички го реализираат „Македонски телекомуникации“, Унгарската амбасада во Македонија и Министерството за здравство. Во проектот МТ донира 60 нови компјутери, обезбедува АДСЛ инсталации и едногодишно хостирање на веб-сајт за 60 институции.

Министерството за надворешни работи на Унгарија ќе ја финансира АДСЛ-интернет употребата за овие здравствени институции за период од една година во рамки на својата Меѓународна програма за развој и соработка.

- Денешниот Меморандум е значаен за унапредување на македонското здравство бидејќи техничко-технолошкото унапредување е значаен сегмент од реформите во здравството - истакна по потпишувањето на Меморандумот министерот за здравство Владо Димов.

Според унгарскиот амбасадор во Македонија Ференц Пока, модернизацијата на сите институции, а пред се на здравствениот сектор е нешто што го бара Европската унија од своите нови членки.

Извор: МИА
(4769 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]