Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Собранието го усвои законот за слободен пристап до информации
Собранието го усвои законот за слободен пристап до информации Испечати Е-пошта
26.01.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Собранието на Република Македонија во средата со 62 гласови за, еден против и еден воздржан, го донесе Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Со Законот се остварува уставното начело што ги гарантира слободниот пристап до податоците и слободата на примање и пренесување информации, како и јавност во работењето на имателите на информации.

Предвидено е да се подготви листа на информации, за да можат оние што бараат да знаат со какви податоци располагаат имателите на информации и кои се достапни за нив. Имателите на информации, пак, имаат обврска на јавноста да и обезбедат достапност до текстовите на прописите, програмите, стратегиите и другите документи поврзани со нивниот делокруг на работа, како и начинот на кој тоа ќе го прават.

Согласно Законот, ќе биде формирана независна Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Новата Комисија ќе биде составена од пет члена, а изборот на предлог на Владата ќе ги врши Собранието на Република Македонија.

Извор: МИА


(4493 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]