Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Натпревар за пишување есеи „Млади умови во телекомите“
Натпревар за пишување есеи „Млади умови во телекомите“
Темите за есеи за натпреварот „Млади умови во телекомите“ 2006 се следните:
Кои се клучните можности и закани од зголеменото користење на услуги преку IP, како што се ВоИП (глас преку интернет) и ИПТВ (телевизија преку интернет)?
Според вас, кои се најважните предизвици за регулирање кои произлегуваат од растечкиот безжичен свет?
Како го разбирате поимот „интернет владеење“? Што треба да се промени како резултат на решенијата на Светскиот самит за информатичко општество?
Според вас, кои се најважните механизми кои се достапни денес за премостување на дигиталниот јаз преку поврзување на неповрзаните региони во светот?
Како интересите на крајните корисници во информатичкото општество (на пример достапност, заштита на приватност) може да се балансираат со деловните интереси (краен резултат, брза иновација)?