Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Организацијата Европски дигитални права, чија членка е и Метаморфозис, продолжи да го издава билтенот ЕДРИ-Грам во кој се обработуваат теми поврзани со дигиталните права во Европа. Започнувајќи со првиот број во 2006 година на веб-сајтот на Фондацијата Метаморфозис ќе можете да прочитате написи од последното издание на ЕДРИ-Грамот преведени на македонски јазик.