|
Metamorphosis is an independent, nonpartisan and nonprofit foundation based in Skopje, Macedonia. Its main goals are development of democracy and prosperity by promoting knowledge-based economy and information society.
|
|
Home News Закон за слобода на информациите во Македонија
|
|
|
|
Закон за слобода на информациите во Македонија |
|
|
|
30.01.2006. |
|
There are no translations available
Граѓанскиот сектор во Македонија е особено загрижен за квалитетот на понудениот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер затоа што тој не ги исполнува меѓународните стандарди за пристап до информации. Денес (18.01.2006г.) се очекува македонскиот Парламент да го усвои законот.
Невладините организации Article 19, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Промедија и Транспарентност Македонија испратија отворено писмо до Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Парламентот на Република Македонија и Претседателот на Владата на Република Македонија изразувајќи ја загриженоста за слабостите во последниот Предлог-закон за слободен пристап до информации. Исто така, тие се пожалија и на недостаток на вистински напредок во насока на негово донесување.
Во писмото, кое е поддржано од 126 здруженија на граѓани од Македонија се апелира на навременото донесување на Законот за слободен пристап до информации што ги зема предвид препораките на ARTICLE 19, Глобална кампања за слобода на изразувањето, и е конзистентен со меѓународните стандарди. Главните забелешки се следните:
- Законот не обезбедува конечна надлежност во случаи на слобода на информации и е немоќен во споредба со закони за тајност, како што е Законот за доверливи информации.
- Плановите за основање на комисија која би била надлежна за разгледување на жалби и за промовирање на спроведувањето на законот се отфрлени, а предвидена е регуларна судска постапка. Искуството од многу земји покажува дека независниот административен механизам за жалби е од суштинско значење за ефективното функционирање на систем за пристап до информации; судските постапки едноставно се предолги и прескапи за огромното мнозинство на потенцијални подносители на жалби по однос на пристапот до информациите.
- Законот нема јасен „тест за штетност“ кој ќе регулира дека барањето за информации никогаш не смее да биде одбиено, освен во случај кога објавувањето на информациите може да претставува сериозен ризик кој би предизвикал штета.
- Законот не ја гарантира заштитата на информаторите.
Процесот на изработувањето на Предлог-законот беше инициран од неколку невладини организации во јуни 2003 година. За време на овој двегодишен период тие придонесоа во изработката на Законот за слободен пристап до информации преку организирање на јавни трибини и дебати и модерирање на процесот на подобрување на Предлог-законот.
Предложениот Предлог-закон претрпе огромни промени во овој период и неговото донесување беше одложувано неколку пати. За жал, загриженоста на граѓанскиот сектор која оваа недела беше изразена пред парламентарната комисија не беше земена предвид при изготвувањето на конечната верзија на Законот која влезе во процедура во Парламентот. Невладините организации и активистите за слободата на информациите инсистираат за промени во законот и се надеваат дека македонскиот Парламент ќе го усвои законот земајќи ги предвид забелешките и препораките. Во меѓувреме, Македонија останува единствената земја од регионот која сè уште не усвоила Закон за слобода на информации.
Article 19 повикува на брзо усвојување на македонскиот Закон за слобода на информации
Коментари на Предлог-законот за слободен пристап до информации
(Бардил Јашари, Фондација Метаморфозис) (4611 hits/посети) |
|