Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Иницијатива „Криејтив комонс“
Иницијатива „Криејтив комонс“ Испечати Е-пошта
17.03.2004.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
„Замислете кога законот би бил таков што би морале да побарате нечија дозвола пред да го фотографирате“, запраша Лоренс Лесинг...

„Замислете кога законот би бил таков што би морале да побарате нечија дозвола пред да го фотографирате“, запраша Лоренс Лесинг, со цел да го привлече вниманието на тоа кои би можеле да бидат последиците по фотографијата и филмот доколку, кога се појавиле, биле барем приближно законски регулирани како што е денес интернетот.

Лесинг говореше во Ројал Сосајати за Поддржување на уметностите, производството и трговијата, во јануари 2004 во Лондон, во исто време кога беше отворен британскиот огранок на иницијативата Криејтив Комонс (The Creative Commons), која тој ја поддржува од самиот нејзин почеток.

Целта на Криејтив Комонс е „изградба на едно одговорно, флексибилно авторско право, наспроти се поограничувачките правила“. Поставувајќи го прашањето за фотографијата и филмот, Лесинг сакал да го илустрира заканувачкиот ефект кој денешниот режим на интелектуална сопственост може да го има врз креативноста и технологијата.

Лесинг даде пример со еден, неодамна направен, ниско-буџетен документарен филм за еден музички перформанс. Авторите на филмот откриле дека ликот на Хомер Симпсон, од Симпсонови, се појавува на три и пол секунди на едвај видлив телевизор во позадина на главниот кадар. Во согласност со денешните строги закони за интелектуална сопственост, авторите на документарецот беа приморани да побараат дозвола од Фокс Бродукастинг Компани, сопствениците на Симпсонови,  да ја вметнат снимката со Хомер во позадина на главниот кадар. Од Фокс им одговорија дека со задоволства ќе им издадат дозвола за вметнување на ликот на Хомер во позадина на кадарот...за $10 000.

Не е потребна голема фантазија за да се согледаат пречките, за било каква форма на креативна работа, кои би се појавиле доколку авторите би биле во постојана агонија да не случајно употребат нешто, или дел од нешто, што е  дело на некој друг автор, или пак да можат да го вклучат во своето дело, но за тоа да платат астрономска сума. Ова ефикасно ги спречува авторите да го претставуваат и интерпретираат светот таков каков што тој всушност е – преполн со шаренило на производи на културата. Лесинг вели: „Пред појавата на интернетот мислам дека тоа воопшто не беше битно. Законскиот товар, пред тоа, не беше оној вистинскиот. Вистинскиот товар беше економискиот“.

Накратко, пред да постои интернетот, не беше економски изводливо да се направи совршен систем на контрола на интелектуалната сопственост. Од секогаш постоела можност за вклучување во некаква креативна активност која го избегнува радарот на строгите контролори на содржината, од аспект на авторски права, кои единствено можат да си дозволат да трагаат по најголемите закани за нивниот профит и да ги заоструваат мерките против нив.

Денес, индустријата за контрола на содржината вложува големи напори да спречи било какви неавторизирано користење или модификација на содржините од интернет. Една од главните алатки за ова заострување на мерките претставува технологијата за менаџмент на дигиталните права (DRM – digital rights management). 


(2675 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]