Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow „Телекабел“ го исклучи интернетот на „Он.нет“
„Телекабел“ го исклучи интернетот на „Он.нет“ Испечати Е-пошта
30.01.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Околу 500 претплатници на „Он.нет“ останаа без интернет-врска зашто кабелската телевизија „Телекабел“ без најава го прекинала сигналот што се пренесуваше преку нивната кабелска мрежа.

Во интернет-провајдерот „Он.нет“ велат дека не им се познати причините поради кои веќе не можат да ја користат мрежата на „Телекабел“, иако имаат договори со корисниците. За едностраниот потег на кабелската телевизија побарале интервенција од агенциите за електронски комуникации и за заштита на конкуренцијата.

Стево Момировски, директор на „Телекабел“, вели дека корисниците отсега ќе добиваат интернет-врска преку нив. На сите досегашни претплатници на кабелски Интернет што ќе склучат договор со нив нема да им наплатат трошоци за инсталација и за модемот, за што корисниците веќе му платиле на „Он.нет“ и ќе добијат бесплатно „сурфање“ за цел месец.

- Веднаш кога забележав дека нема интернет, се јавив во „Он.нет“. Таму ми велат дека „Телекабел“ одлучил да го прекине нашиот интернет и сите корисници да ги префрли кај себе. Не ми е јасно како може, без да ме прашаат, да ми ја прекинат врската преку „Он.нет“. Јас самиот ќе изберам преку кој провајдер ќе се поврзам. Ниту знам каков ќе биде квалитетот ниту цената на услугата на „Телекабел“ - вели корисник на кабелски интернет.

Директорот на „Он.нет“, Предраг Чемерикиќ, најавува судска разрешница на случајот доколку не се постигне договор со кабелската телевизија.

- „Телекабел“, без да не извести, едноставно ни ги украде корисниците. Имаме договори со граѓаните и поставено модеми во нивните домови. Ја предупредивме кабелската телевизија дека ќе ги тужиме. Нанесена ни е штета со ненајавеното прекинување на интернетот. Се јавуваат корисниците и бараат да продолжат да добиваат интернет преку нас. Им ја објаснуваме ситуацијата зошто не може да ја користиме кабелската мрежа на „Телекабел". Ќе побараме да реагираат надлежните институции - вели Чемерикиќ.

Во „Телекабел“ велат дека ним не им е познато дека „Он.нет“ има склучено договори со корисниците на кабелски интернет со кои модемите се нивна сопственост.

- Ги повикуваме сите корисници да дојдат во нашите простории и да склучат договори за кабелски интернет. Нема да им се наплаќа 3.000 до 4.000 денари за инсталација ниту за модемот. Сите што ќе склучат договор до 1 февруари ќе бидат ослободени од плаќање надоместок за услугата за јануари - вели Момировски.

Извор: Дневник
(5216 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]