|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Телекомот ги диктира цените за интернет-телефонија
|
|
|
|
Телекомот ги диктира цените за интернет-телефонија |
|
|
|
30.01.2006. |
Фирмите што нудат интернет-телефонија се жалат дека „Македонски телекомуникации“ им наметнува превисоки цени за користење на специјалните броеви на кои корисниците ќе се поврзуваат на нивните централи.
Операторите укажуваат дека со цените од 2,2 денари за минута во локален сообраќај и од 4 денари во национален сообраќај, кои треба да им ги плаќаат на МТ, не ќе можат да им понудат на граѓаните евтини меѓународни телефонски разговори.
- Поради овие цени за пристап кон мрежата на МТ, ќе мора да ги поскапеме услугите и нема повеќе да му бидеме конкурентни на Телекомот. Агенцијата за електронски комуникации и Владата треба да овозможат пазарен натпревар, зашто операторите и граѓаните ќе останат заложници на доминантната положба на МТ - велат во претпријатијата за интернет-телефонија.
Тие веќе еден месец се блокирани зашто МТ ја искористи законската можност да им ги исклучи претплатничките телефонски броеви што ги користеа за пристап кон нивните системи. Едноминутен телефонски разговор преку интернет кон САД, Канада или Австралија чинеше околу 6 денари. Тоа лани го принуди Телекомот да ги намали цените за меѓународните разговори за 50 отсто. Деновиве „Македонски телекомуникации“ почна со реклама на припејд-картичката за меѓународни разговори „МТ планета“, со која повик кон САД чини 9,9 денари.
(М.Б.) Извор: Дневник (4671 hits/посети) |
|