|
Оглас: Се бараат двајца Мајкрософт-сертифицирани обучувачи |
|
|
|
1.02.2006. |
Фондацијата Метаморфозис има потреба од двајца обучувачи од областа систем администрација за работа на краткорочен проект. Обучувачите е неопходно да поседуваат титула „Microsoft Certified Trainer“ од соодветната област. Ангажманот е на хонорарна база, а ќе се одвива во текот на февруари и март 2006 година. Ќе опфаќа обука за администрирање на оперативниот систем „Microsoft Server 2003“, на група составена од максимум 15 учесници. Заинтересираните кандидати може да се пријават преку е-пошта на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
или по телефон на 02/ 31 09 325.
(4005 hits/посети) |