|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Бучковски се сретна со Бил Гејтс
|
|
|
|
Бучковски се сретна со Бил Гејтс |
|
|
|
2.02.2006. |
|
Премиерот Бучковски во рамките на форумот на лидерите на влади во Лисабон се сретна на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.
На средбата била најавена можна соработка за реализирање на проект со решенија за работата на локалната самоуправа.
Технологијата би ја изработувале локални македонски фирми, општините тоа би го добивале како услуга, а Владата би помогнала при имплементацијата.
Разговарале и за општата економска состојба во регионот, но и за состојбата во Македонија од аспект на добиениот кандидатски статус.
Бучковски го информирал Гејтс за реализацијата на владините проекти од договорот за стратешкото партнерство со „Мајкрософт“. Oбострано оцениле дека информатичката технологија може да ја направи Македонија лидер во регионот. Извор: А1 (4891 hits/посети) |
|