Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕДРИ arrow Секое ЦД мора да работи на секој уред, реши францускиот суд
Секое ЦД мора да работи на секој уред, реши францускиот суд Испечати Е-пошта
7.02.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Две француски компании, Ворнер мјузик Франс и ФНАЦ, на 10 јануари беа осудени од Окружниот суд да и исплатат казна од 5.000 односно 59,50 евра на Здружението за заштита на потрошувачите UFC - Que Choisir и на потрошувачите кои се пожалиле дека не можеле да го пуштат ЦДто на Фил Колинс на компјутери Мекинтош. ЦДто имало систем за заштита од копирање кој спречувал копирање, но, исто така, спречувал ЦДто да може да се прочита на одредени уреди.

Парискиот суд проценил дека ЦДто „било под влијание на скриен проток кој го правел бескорисно за намената за која е направено“, а тоа е „да може да се чита на секој тип на читачи“. Судот оценил дека двете компании не успеале да одговорат на обврската за обезбедување на информации. Како резултат на тоа, на Ворнер мјузик му е забрането да го користи системот за заштита од копирање. Ако не ја почитува судската пресуда компанијата ќе треба да плати 150 евра на ден.

Во соопштението за јавност UFC-Que Choisir го изрази своето задоволство поради фактот што судот повторно им дал приоритет на исклучоците за приватно копирање во однос на системите за спречување на копирање – два претходни слични случаи имало во 2005г. во судовите во Версај и Париз.

Според здружението за заштита на потрошувачите „принципот воспоставен досега: мерките за техничка заштита не смеат да претставуваат никаква пречка за правење на приватни копии на какви било медиуми“.

ФНАЦ изјави дека ќе ја обжали одлуката.

Ворнер мјузик и ФНАЦ осудени за презаштитени ЦДа (само на француски, 19.01 2006)

Приватни копии: нема исклучоци за компјутерите (само на француски, 19.01.2006) 

ЕДРИ-Грам: Француските судови забрануваат заштита од копирање нa ДВД (4.05.2005) 

Извор: ЕДРИ-Грам бр. 4.2


(5689 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]