Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Германската Википедија повторно на интернет Испечати Е-пошта
7.02.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Германската верзија на енциклопедијата Википедија три дена не беше достапна за посетителите по жалбата поднесена од родителите на хакерот чие вистинско име беше споменато онлајн.

Трон беше германски хакер кој почина на контроверзен начин во 1998г. Трон ја проби заштитата на германските телефонски картички правејќи работни клонови. Тој исто така е познат по својата дипломска работа за креирање на Криптофон што беше едно од првите јавни употреби на телефон со вградено кодирање на гласот.

На 17 јануари судот во Берлин издаде прелиминарна забрана за пристап до германскиот домен www.wikipedia.de, како сајт на германската верзија на Википедија.

Условна забрана го забрани сајтот сè додека во написот се споменува презимето на хакерот. Сепак, официјалната одлука на германската Википедија беше да не го отстранува презимето затоа што општата политика на Енциклопедијата Википедија е воопшто да не се меша во содржината на написите.

Wikipedia.de не беше достапна 3 дена, но сепак на германската содржина можеше да се пристапи преку адресата на .org која е хостирана во САД.

Поддржувачите на родителите на Трон се обидоа да го решат проблемот надвор од судот, но безуспешно. Тие го покренаа прашањето за конфликт во употребата на лични податоци во систем на „отворена содржина “ и фактот што Википедија воопшто нема политика за приватност.

Првата одлука за ова прашање најверојатно ќе биде донесена во месец февруари 2006.

Берлинскиот суд издава условна забрана за Фондацијата Викимедија (19.01.2006)

Германската Википедија се врати среде тужба (20.01.2006)

Трон (хакер) – страна на wikipedia.org

Дополнителни информации за овој случај (само на германски јазик)

Извор: ЕДРИ-Грам бр. 4.2


(5834 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]