|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Мајкрософт планира да создаде софтвер на локални јазици
|
|
|
|
Мајкрософт планира да создаде софтвер на локални јазици |
|
|
|
19.03.2004. |
|
Програмата за локален јазик ќе им обезбеди на владите пристап до „пакети за јазички интерфејс“ , кои што ќе може да се искористат за локализација на Виндоуз икс-пе и Офис 2003
„ЦНЕТ њуз објави сторија за тоа како Мајкрософт објавил планови за програма што ќе им помогне на владите да произведат верзии на клучните апликации на Мајкрософт на локален јазик, со што софтверскиот гигант би добил предност против растечката закана на меѓународно ниво што за него ја претставува софтверот со отворен код“.
Написот објаснува дека: „Програмата за локален јазик ќе им обезбеди на локалните и регионалните влади пристап до ’пакети за јазички интерфејс‘ (language interface packs), кои што владините или академски софтверџии ќе може да ги користат за да произведат локализирани верзии на оперативниот систем Виндоуз икс-пе и пакетот апликации Офис 2003“. (2898 hits/посети) |
|