Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Програми arrow е-Законодавство
е-Законодавство Испечати Е-пошта
10.02.2006.
Индекс на прилозите
е-Законодавство
Закони за интернет
Креативни заеднички содржини

Закони за интернет

Потребата за специфичен проект кој ќе ги обработува Законите за интернет произлегува од недостатокот на знаење и свест во Република Македонија. Нема ниту еден обид за прецизно креирање на законска рамка која ќе понуди решенија, или во најмала рака насоки, за тешкотиите и правните прашања кои имаат влијание врз лицата или институциите кога се на интернет. Проектот ќе се фокусира на воведувањето на овие прашања во системот на формално образование преку заеднички напори на релевантните институции во Македонија (како што е Правниот Факултет во Скопје) и подигнување на свеста кај професионалните правници (адвокати, судски и државни службеници) како и кај пошироката јавност преку дебати, предавања и публикации. Проектот ќе се спроведува две години (2006 и 2007).

Наставниот план за Законот за интернет се состои од два дела: вовед во интернет и вовед во посебна законска рамка за интернет. Првиот дел ќе опфати основни знаења на технологиите, терминологијата и услугите кои ги нуди употребата на современите ИКТ. Очигледниот недостаток на знаења од овие области ги попречува напорите на македонските професионални правници кога се соочени со прашања поврзани со ИКТ, и во креирањето на закони и во општата пракса, како што се судските случаи на компјутерски криминал. Вториот дел од наставниот план ќе опфати специфични насоки за законските рамки со глобално влијание поврзани со интернет кои се појавуваат. Најголемите светски економии, САД и ЕУ, развија законски механизми за справување со предизвиците кои ги носи дигиталната ера. Курсот ќе ги опфати тековните официјални решенија, процесите на креирање закони, нивното усогласување на глобално (ОН), мултилатерално и билатерално ниво, и ќе ги вклучи меѓународните невладини иницијативи кои нудат алтернативи, контрола и баланс меѓу владините и бизнис-интересите.

*Прашањата вклучуваат слобода на говор, интелектуална сопственост, приватност, безбедност, еднаквост, надлежност и е-трговија



 

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]